10:07 - 8 ноември, 2026

МИСИЦАТА БИЛЈАНА ЈАНЕВСКА: Српските момци се да ги грабнеш и да бегаш, годинава сакам да станам и мајка и успешна политичарка!

Македонската убавица Билјана Јаневска, која минатата година освои три престижни награди за убавина и стана Прва придружничка на изборот за убавина Мис модел туризам во светот, новата година ја дочека во соседна Србија, во Нови Сад и Белград.

фото – приватна архива

Вели дека била на заслужен одмор бидејќи цела година работела „турбо“. Оттаму ни носи свежи впечатоци, но и споредба меѓу Македонците и Србите.

– Македонките сме некако многу поубави, тука нема споредба, но затоа момциве се да ги грабнеш и бегаш. Високи, убави, згодни…со моите 177 сантиметри не симнувам критериум. А, Србинките се некако со „кренат нос“…, – ни го открива своето мислење нашата мисица и додава:

– Ние Македонките сме стабилни, приземни и најубави.

Инаку, ова била најубавата новогодишна прослава за Билјана. Дочек од соништата.

– Со мајка ми и со пријатели ја дочекавме новата година во центарот на Белград, точно на полноќ наздравивме со шампањско, а секако имаше и драматичен огномет. Се изнаплакав од среќа! – објаснува убавицата.

фото – приватна архива

Која ѝ била желбата која ја замислила?

Не е една тука повеќе. Вели дека си замислила да си го осигура работното место, да земе решение, да си ја пронајде љубовта на својот живот, и да стане мајка.

– Не ги кријам своите желби и верувам дека некој од горе ги мести коцките. Сè ќе си дојде на свое место – вели таа.

Минатата година ќе ја памети по вработувањето во ЈП „Дрисла“ и по титулата на Прва придружничка на светскиот избор за убавина Мис модел туризам. Но, и по уште нешто. По влегувањето во политичките води.

– Во политичките води веќе сум влезена и нема назад. Сакам да успеам и на тоа поле! Кога може Колинда Грабар Китаровиќ, можам и јас – амбициозна е Билјана.

 

Слични објави

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо
Се вчитува....