28 C
Скопје
20:02 - 2 август, 2026

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ПУДИНГ ТОРТА СО ЈАБОЛКА: Есенско зимски десерт кој се топи во уста

Мартина Трајаноска

Нашиот тим започна соработка со една посебна, прекрасна мајсторка во кујна – Мартина Трајаноска.

Шармантната Мартина стои зад превкусните рецепти пласирани на инстаграм-профилот (martinascooking).

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ВКУСНО ПЕЧИВО СО ЈАБОЛКА: Есен и ладни денови се перфектни за овој десерт

Готви од мали нозе, а со текот на годините и искуството научила дека најважна состојка во секое јадење е – љубовта. Денес Мартина ни направи пудинг торта со јаболка.

„Есенско зимски десерт кој се топи во уста. Нека не ве заплашува бројот на состојки, всушност истите состојки се но ви ги поделив што како за секој дел. Шеќер, јајца, млеко она кое сите го имаме дома, а од кое може да излезе супер десерт. Кремасто и сочно, уживање за непца!“, вели Мартина.

РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ПИРОШКИ ОД ТОСТ ЛЕБ: Побрзи пирошки од овие нема никогаш да направите!

Потребни состојки:

Пандишпан: 

  • 2 јајца
  • 150 мл млеко
  • 80 мл масло
  • 5 гр пециво
  • 150 гр шеќер

1 дел:

  • 500 гр јаболка
  • 100 гр шеќер
  • 600 мл вода
  • 1 пудинг

2 дел:

  • 200 гр јаболка
  • 600 мл млеко
  • 2 пудинг ванила
  • 100 гр шеќер

3 дел:

  • шлаг крема

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

Подготовка:

Најпрво направете го пандишпанот. Дечки не знам зошто на сликата го нема брашното, треба околу 200 – 250 гр брашно. Измешајте ги сите состојки и печете во загреана рерна на 200С(плех 15х30). Јаболките кратко пропржете ги само на шеќерот, па додадете им ја водата да се варат 10тина минути. Доколку правите само со пире, ставете ги од 1 и 2 дел заедно состојките. Сварените јаболки извадете ги од водата и изблендирајте ги во пире, а од водата што вареле издвојте 4-5 лажици и прелијте го пандишпанот, а во останатата вода додадете ги пудинзите да се сварат. Во сварениот пудинг додадете го пирето и варете уште 2-3 минути, па прелијте врз пандишпанот. Доколку го правите 2 дел посебно, јаболките запржете ги на шеќерот и наредете ги на претходно зацврстен и изладен 1 дел. Во млекото сварете го пудингот и веднаш топол прелијте врз тортата. Оставете да се излади, па по желба ставете шлаг крема одозгора, или декорација по желба. Иии да заборавив да кажам, во делот со јаболка може да додадете и цимет(по желба). Знам дека изгледа многу за правење, многу состојки и комплицирано, но воопшто не е.

Слични објави

(Фото) Се ожени популарниот пејач: На прославата Мина Костиќ и Каспер ја објавија својата венчавка

Еспресо

(Фото) Овој детаљ секогаш го носи на себе: Слобода Миќаловиќ во модерен костим за капење на едно рамо, изгледа подобро од пред 20 години

Еспресо

Емотивен момент на концертот во Сараево: Дино Мерлин јавно ја искажа својата љубов кон сопругата Амели првпат на овој начин

Еспресо

Сочните коцки со свежи праски се вистинско летно совршенство – се подготвуваат лесно и секогаш успеваат

Т.Ц.

Јелена Карлеуша се смири со Душко, па шокираше: Имам чувство дека сонувам, ќе биде како бајка

apostolova

На секој час станете и прошетајте: Оваа мала навика може да го намали ризикот од рак, покажува истражување

Т.Ц.
Се вчитува....