15:50 - 16 јули, 2026

НЕ Е СЕКОГАШ ДО ВРЕМЕТО: Овие намирници може да се главната причина за вашата мигрена

Мигрената уште е една од најголемите мистерии на медицината, никогаш не се открива што точно ја предизвикува, но истата може да направи оној кој ја има со денови, па и недели да нема сила дури ни за да стане од кревет.

Иако главната причина не е лоцирана, како споредни предизвикувачи можат да се појават некои лекови, нарушувања во ендокринолошткиот систем, нагли климатски промени, недостаток на сон, но и грешки во исхраната.

Постои листа на намирници кои забележително предизвикуваат силни мигренозни тегоби, а меѓу нив се и:

Стари, зрели сирења

Старите сирења содржат висока концентрација на тирамин, кој е продукт на аминокиселината тирозин. Се создава кај храна што е расипана, а за некои сирења како што се рокфор, чедар, горгонзола, бри, камембер, гријер или гауда, е познато дека се јадат кога се постари и отстојани.

За разлика од нив, свежите сирења како што е младото сирење, изварката, крем сирењето и рикотата, но и младата моцарела, не го содржат тираминот и помала е веројатноста да предизвикаат мигрена.

Цитрусни овошја

Овие овошја имаат кисела пХ вредност и иако во дигестивниот систем се претвораат во алкални, може да бидат причина за мигрена. Содржат тирамин и хистамин, кои исто така може да предизвикаат главоболки.

Ладна храна и течности кога ви е жешко

Кога ви е жешко избегнувајте да јадете сладолед или да пиете студена вода или смрзната лимонада, особено после вежбање. Поради температурната разлика доаѓа во шок во вашиот организам што може да предизвика главоболка која или ќе престане за неколку минути или ќе доведе до тешка мигренозна состојба.

Глутен и адитиви

Доколку постои и најмало сомнение дека сте нетолерантни на глутен, проверете го тоа и исфрлете го од исхраната. Покрај другите тегоби, нетолеранцијата на глутен може да предизвика и мигрена.

Адитивите и подобрувачите на вкус често се само хемикалии со празни калории, а некои од нив исто така може да предизвикаат мигрена. Поради тоа, намалете го внесот на месни преработки, соја сос, конзервирана полуготова храна, колбаси и кулен, газирани пијалоци, енергетски пијалоци, производи со вештачки засладувачи и прехранбена црвена и жолта боја.

Кофеин

Во некои случаи помага, но при мигрена избегнувајте го внесот на кофеин, а во секојдневната пракса намалете го на 200-300 милилитри дневно. Запомнете дека кофеин има и во некои чаеви, во какаото, па дури и во некои лекови против болка.

Алкохол

Црвеното вино е еден од најчестите предизвикувачи на мигренозни главоболки, а истото може да го направат и пивото, шампањот и жестоките пијалоци.

Знаејќи го ова, трудете се редовно да пиете доволна количина вода, да не ги прескокнувате оброците, но и да внесувате доволно фолна киселина, магнезиум, селен, железо, витамини Б2, Б6 и Б12, витамин Д, консумирајте свежи овошја и зеленчуци и вклучете поголеми количини на мешунки во исхраната.

Слични објави

(Фото) Сопругата на Огњен Амиџиќ сподели спомен од летниот одмор – позираше во минијатурно бикини

Еспресо

Што навистина се случува зад камерите? Неда Украден откри во какви односи е со Жика Јакшиќ

Еспресо

(Фото) Луксуз во прв план: Николина Пишек носи чанта од 6.000 евра

Еспресо

Анастасија Ражнатовиќ се породи во тајност, го доби првото дете со Немања: Цеца доби уште едно внуче

Еспресо

Карлеуша тврди дека одбила договор со Канје Вест: „Бараше да ме шета на поводник и да лижам млеко од подот“

Еспресо

(Видео) „Како не ви е срам?“: Објавата на Сека Алексиќ за „туристите со домати“ и денес се споделува

Еспресо
Се вчитува....