10:31 - 28 ноември, 2026

(РЕЦЕПТ) МАФИНИ-„МАГДАЛЕНИ“: Шпански деликатес, смешно лесен за подготовка

магдалени колач рецепт мафин

Магдалени се слатки, лесни и меки шпански колачи кои обично се прават со комбинација од јајца, шеќер, путер, брашно, прашок за пециво, млеко, кора од лимон ванила. Визуелно, магдалените личат на мафини.

Во Шпанија, најчесто се консумираат за појадок со шолја кафе. Во минатото, овие мали колачи традиционално се печеле за празници и родендени, но во денешно време може да се најдат секаде низ Шпанија, во супермаркети и пекари. Некои велат дека името „магдалени“ потекнува од приказната за една млада девојка по име Магдалена, која ги давала овие колачи на аџии кои оделе во Сантијаго де Компостела во Галиција.

 

Потребни состојки:

  •  3 големи јајца
  •  200 гр обично брашно
  •  125 гр шеќер, плус дополнително за попрскување
  •  50 мл полномасно млеко
  •  100 мл маслиново масло
  •  8 гр прашок за пециво
  •  Кора од ½ портокал/лимон
  •  Прстофат сол

МЕТОД:

  •  Прво, загрејте ја рерната 230°C. Во голем сад, матете ги јајцата енергично со жица за матење и почнете да го додавате шеќерот бавно додека не се соединат. Направете го истото со маслото, полека истурајте го во смесата додека продолжувате да матите. Направете го истото со млекото, брашното и прашокот за пециво. Додадете малку сол и свежо рендана кора од портокал/лимон.
  • Покријте со стреч фолија и оставете да отстои 10 минути во фрижидер. Ова ќе помогне ладната мешавина да се подигне подобро кога се пече во топла рерна.
  • Користете голем силиконски послужавник за 12 колачи и обложете го со калапи за колачи. Извадете ја смесата од фрижидерот, измешајте ја добро и истурете во секој од калапите до ¾ полно. Посипете ги сите парчиња со малку шеќер.
  • Намалете ја температурата на рерната на 200°C и печете 15 минути, не отворајте ја вратата за ова време. Извадете ги магдалените од рерна и оставете ги да се одморат во силиконскиот плех 5 минути пред сервирање.

ШЕФ БРАНКО ПОПОСКИ НИ ПРИГОТВИ БРЗА И ВКУСНА ТОРТА: Готова за 20 минуту!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Esther Sánchez (@chocolatisimo)

Добар апетит!

Слични објави

Таско за Панчо од ДНК: Знаеше да се бори со моите демони кога никој друг не знаеше

Еспресо

Николија Јовановиќ по концертот во „Сава центар“: „Бев во паника поради брзите пресоблекувања, а Реља ми беше најголема поддршка“

Е.А.

Дневен хороскоп за 28 ноември: Заштитете ги вашите деловни интереси и прекинете контакт со несигурна личност

apostolova

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо
Се вчитува....