4.8 C
Скопје
05:46 - 26 април, 2024

РАБОТЕН ЛОГОР ИЛИ ЗДРАВА НАВИКА: Зошто децата во советските градинки спиеле на -10 степени, на отворено!

бебе

Иако не можеме а да не се затрепериме додека ги гледаме фотографиите, тоа било вообичаена практика во советските градинки. Децата спиеле надвор и лете и зима!

Дали спиењето надвор било опасно за децата?

Новинарите од порталот „Russia Beyond“ проучувале документ од 1985 година насловен „Санитарни правила и прописи за градинките“. Тој бил одобрен од највисоките медицински власти на СССР.
Се испоставило дека советските детски институции имале јасен став дека децата треба да имаат постојан пристап до свежиот воздух. И тоа и на температури кои биле многу под нулата.

Тоа била вообичаена практика, а денес ваква глетка може да се види само во скандинавските земји.

Прописите налагале просториите на градинката да се проветруваат најмалку два пати на ден, а децата редовно да шетаат и играат надвор. Вработените во градинката внимавале децата да бидат топло облечени, но без претерување: зимските капути беа задолжителни само ако температурата падне под минус 4 степени Целзиусови.

Меѓутоа, во овие „санитарни правила и прописи“ нема информации за спиење надвор.

Работен логор или здрава навика?

Сепак, има многу фотографии од деца кои спијат надвор. Има и голем број интересни коментари на оваа тема од луѓе кои се доволно стари да се сетат на својата младост во СССР.

Една од најважните задачи на првата советска влада била да ги спречи масовните епидемии, вклучително и туберкулозата, а од почетокот на 1930-тите, во клиниките за туберкулоза работеле повеќе од 25.000 лекари; до 1957 година, повеќе од 130 милиони луѓе во СССР биле вакцинирани против туберкулоза.

Но, суштината на борбата против епидемијсѕс била секојдневната хигиена, пропагирана во градинките низ СССР.

Свежиот воздух бил неопходен за добро здравје. Дел од пропагандата бил и фактот дека здравјето на првите императори од династијата Романови било толку лошо затоа што поголемиот дел од животот го поминувале во нивните одаи, ретко дишејќи свеж воздух, особено кога биле деца.

Спротивно на тоа, советските деца поминувале многу време надвор.

Корисникот на интернет matros_kruzhkin, кој поминал една година во санаториум против туберкулоза помеѓу 1959 и 1960 година, напишал: „Многу добро се сеќавам на овие дремења на отворените веранди, дури и во зима. Ни ѕиркаше само носот за да можеме да дишеме. Дури оние кои сѐ уште не одеа беа изнесувани надвор и ставани во топли ќебиња. Просториите се грееа на шпорети на дрва. Во лето, децата спиеја на верандите и терасите.“

Еден корисник на DuraLen се сеќава дека во 1980-тите „целата група во градинка одела надвор само по гаќички, додека ги полевале со вода од црева.

Меѓутоа, за некои деца овој режим не бил нималку пријатен, па постојат и коментари како:

Никогаш нема да го заборавам ова, тоа беше како работен логор“, напиша корисникот по име barbosiara.

„Во овие вреќи за спиење не можеше да мрднеш ниту сантиметар, а јас не можев да издржам нешто толку цврсто. Кога полудував од бес, проклетата воспитувачка од градинката само уште повеќе ме стегнуваше.“

Имало многу работа за воспитувачите. Корисникот eliabe_l, роден во Москва во 1950-тите, се сеќава: „Тие мораа да ги стават децата во вреќи за спиење, потоа да ги извадат на терасата и ширум да ги отворат прозорците од градинката. По еден час дремење, сè мораше да се врати внатре. И тоа беше обична градинка, а не елитна институција. Секое утро сите деца ги прегледуваше лекар и ако некој беше настинат, го испраќаа дома“.

Санитарните норми пропишувале спиење надвор ако температурата била над минус 10 степени Целзиусови.

„Се сеќавам дека ме ставија во јоргански „коверти“ по ручекот и нè изнесуваа надвор на спиење. Спиевме на многу широки маси. Сакав да лежам и да гледам како лисјата од јавор паѓаат наесен или како сениците скокаат на голите гранки во зима. И секогаш близу нас седеше учителка, облечена во капут и ги стискаше замрзнатите прсти, гледајќи нè одвреме-навреме под веѓите. Тогаш цврсто ги затворав очите и се преправав дека спијам“, заклучи корисникот по име Олк.

Сè на сè, тоа било искуство кое на многу луѓе им оставило многу силни сеќавања. Многу луѓе ја задржале оваа навика да спијат надвор или да спијат со отворени прозорци, дури и во најстудените периоди од годината.

Слични објави

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо
Се вчитува....