19.8 C
Скопје
10:16 - 28 март, 2024

Еклипса во знакот на Бик: Моќната месечинa од 19-ти ноември ќе влијае врз секој хороскопски знак

хороскоп зодијак ѕвезди

Полната месечина на 19-ти ноември во знакот на Бик најавува големи откритија, завршетоци и пресврти на судбината. Дозволите му на универзумот да го преземе водството и останете отворени за промени. Оваа месечина ни помага да стапиме во контакт со нашите тела и да бараме сигурност кога станува збор за љубов, финансии и самопочит. Меѓутоа, со оглед на тоа што оваа полна месечина, исто така, е и затемнување на Месечината, ќе мораме истовремено да се подготвиме за неочекувани настани и ненадејни промени – што може да не изнесат надвор од нашите комфорт зони. 

Еве како ќе влијае полната месечина во ноември 2021 година на секој хороскопски знак:

Овен

Родените во знакот на Овен периодов се фокусираат на парите, но не треба да донесуваат избрзани одлуки или потези пред оваа моќна еклипса. Внимавајте на неочекувани промени во вашиот приход, но исто така очекувајте да се појават големи можности за обезбедување на посигурна плата во иднина.

Бик

Оваа месечина во вашиот знак ве допира во срцето, па може да се чувствувате како да сте среде метаморфоза. Учите нови работи за себе и сфаќате како да се покажете поавтентично во врските и животот воопшто. Прегрнете ја трансформацијата.

Близнаци

Промените понекогаш се тешки дури и за адаптабилен знак како Близнаците. Оваа лунација е совршена да се опуштите и да се одморите. Оставете ги настрана работните и социјалните обврски и обидете се да го прифатите духовното значење на ова затемнување со медитација или пишување.

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА НОЕМВРИ: Нè очекува љубовен и бурен месец

Рак

Оваа лунација во вашата 11-та куќа го става вашиот фокус на пријателствата. Чувајте се кога станува збор за соработки и групни дружења, бидејќи може да дојде до конфликти и да се разгорат темпераментите. Сепак, вашиот емпатичен дух ќе помогне да се премостат несогласувањата и да се врати хармонијата во вашата група.

Лав

Вашиот работен живот сега е под рефлектори, затоа подгответе се за некои големи прилагодувања на начинот на кој се однесувате професионално. Тековните проекти може да дојдат до брз (или дури и неочекуван) крај и лесно може да се најдете на сосема нов пат. Верувајте дека универзумот создава простор за некои сериозни подеми во кариерата.

Девица

Има една работа на која навистина одамна сакате да ѝ се посветите, но упорно ја одложувате. Можеби сакате да се вратите на училиште, да патувате во странска земја или конечно да ѝ пристапите на личност која ве интересира. Што и да е, ова затемнување бара од вас да ги следите тие аспирации и да кажете „да“ на авантурата. Вашата потреба за духовна експанзија не може да чека повеќе.

ЉУБОВНА МАГИЈА: Како да ги освоите и да им бидете совршен партнер на секој од хороскопските знаци

Вага

Можеби се чувствувате како да сте развиле неприродна визија што ви овозможува да гледате под површината на вашите интимни врски, инвестиции и деловни зделки подеднакво. Без разлика дали ви се допаѓа или не она што го гледате, знајте дека повеќе не можете да бегате од вистината.

Шкорпија

Со оваа лунација, подгответе се да се соочите со себе и размислете за вашето однесување во партнерствата. Сега се веројатни ненадејни промени, па конечно ќе можете да се откажете од долгогодишните чувства или дури и да развиете нови со побрзо темпо од вообичаеното.

Стрелец

Ова затемнување може да ви помогне да се вратите на вистинскиот пат, дури ако тоа значи целосно разместување на вообичаената рутина. Смислувате поефикасни начини да се грижите за себе, да ја завршите работата и да управувате со секојдневните стресови. Кога ќе можете подобро да се справите со секојдневието, ќе имате повеќе простор за авантура.

КАКО ДА СЕ СМИРИТЕ СО СЕКОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК: Овните имаат краток фитиљ, а Скорпиите…

Јарец

Оваа лунација се случува во вашата петта куќа и може да помогне да се создаде простор за цветање на нови врски и страстни проекти. Верувајте дека промените и тешкотиите што се случуваат ве „челичат“ за во иднина да почнат да растат инспирацијата и романтиката.

Водолија

Ова затемнување ќе биде емотивно за Водолиите. Може да откриете дека сте обземени од семејна драма, тешки спомени или лични борби, но тоа е исто така шанса да се ослободите од силното влијание што овие чувства го имаат над вас. Ако се соочите со вашата болка наместо да бегате од неа, можете да почнете да се движите напред.

Риби

Вашиот социјален живот може да биде извор на секакви откритија и можности, затоа чувајте ги ушите отворени. Можно е неочекувано да ви се спојат патиштата со некој посебен или да дознаете некои информации што ќе ви помогнат да ги визуелизирате вашите следни потези.

КАКО ВЕ ДОЖИВУВААТ ДРУГИТЕ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ: Раковите се лесни за манипулација, Близнаците како нестабилни…

Слични објави

Британците бараат виновник: Кој шири лаги за Кејт Мидлтон?

еспресо

Астропрогноза за четврток, 28 март: За Овните нови можности, за Биковите напредок

еспресо

Ќе „загубат глава“: Три хороскопски знаци лудо ќе се вљубат во април

еспресо

Ана Бекута се врати во „Ѕвездите на Гранд“: „Мислам дека некому пречам“

еспресо

Последните денови на Слаѓана Милошевиќ: „Ме фати за раце и врескаше ‘помош, помош”

еспресо

Марија Шерифовиќ купи „нова машина“: Пејачката се почести со бесен автомобил од речиси 190.000 евра

Еспресо
Се вчитува....