2.8 C
Скопје
03:03 - 19 април, 2024

КАКО ДА СЕ СМИРИТЕ СО СЕКОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК: Овните имаат краток фитиљ, а Скорпиите…

бои

Многу работи во животот на една личност зависат од карактерот, светогледот и енергијата. Но, хороскопот може да понуди и некои насоки доколку сакате да се смирите со некого. Секој има некои вродени карактеристики на кои можете да се „потпрете“ доколу сакате да ставите крај на расправијата, пишува „Атма“.

Во продолжение дознајте како можете да ги „закопате секирите во мед“ со секој хороскопски знак.

ЅВЕЗДИТЕ СЕ СМЕАТ: Овие три знаци ги очекува одлична недела!

Овен, Лав, Стрелец

Луѓето треба да внимаваат на огнените знаци бидејќи во кавга можат да кажат премногу. Не вреди да влегувате во големи расправии со нив, подобро е да им дадете шанса за разговор.

Овенот има многу „вжештена глава“ и краток фитиљ. Најдобро би било да направите се што е можно за да не остане предолго „бесен“. Не ги навредувајте и во никој случај не ги отфрлајте доколку ви понудат мир.

Нема смисла да навлегувате во долги расправии со Лавовите. Или признајте го поразот или ќе бидете принудени. Лавовите се многу тврдоглави и нема да ја признаат вината ниту под закана.

Кај Стрелците од друга страна, помирувањето е изненадувачки едноставно. Тие се луѓе со кои комуникацијата не бара напор. Само кажете: „Жал ми е“.

ВЕНЕРА ВО ТРИГОН НА УРАН: 3 знаци кои ќе имаат неверојатна среќа во љубовта од 9-ти ноември

Бик, Девица, Јарец

Земјените знаци презираат долги кавги. Тие се многу исцрпувачки и загрижувачки за нив. Ако сакате да склучите мир, треба да направите компромис и да го покажете вашиот оптимистички став.

Бикот е еден од најодмаздољубивите знаци. Нема да ви се одмазди директно, но сигурно никогаш нема да заборави како не сте го поканиле на забава пред неколку години или пак сте им кажале нешто грубо. Многу е лесно да се смирите со нив – само признајте ја вината.

Девиците, пак, многу лесно им простуваат на луѓето кои бараат прошка. Лесно даваат втора шанса. Но, ако грешката се повтори, тогаш добивањето на нивното простување станува многу потешко.

Јарецот многу тешко им простува на луѓето, па затоа најдобро би било да не им замерувате. Без проблем ќе ви кажат дека ви простиле, но длабоко во себе ќе мислат дека повеќе не може да ви се верува. Тие се водат од претпазливост и предвидливост, па личноста која сака да се помири со нив ќе мора долго да се бори за да добие прошка.

ШТО ГИ ОЧЕКУВА ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА: За некои голема финансиска среќа, за други…

Близнаци, Вага, Водолија

Воздушните знаци најлесно простуваат. Можат да ве разберат или да не ве разберат, но тоа нема да влијае на нивната одлука. Најчесто тоа се љубезни луѓе кои едноставно немаат време и желба да се налутат на некого.

Близнаците полесно простуваат од кој било друг знак. Понекогаш ќе им треба малку време, но сепак ќе треба вие да го направите првиот чекор.

Вагите сакаат да се лутат. Но, всушност се многу љубезни и нежни луѓе. Не вреди веднаш да се смирите со нив, туку по некое време, кога ќе исчезне нивната лутина.

Водолијата нема време да се лути. За да се заработи нивното простување, не е доволно само да се каже „извини“. Треба да почнете да се однесувате поинаку. Ако почнете по старо, тие можат целосно да ве отстранат од животот.

НАЈТОЧНИОТ ХОРОСКОП ВО СВЕТОТ: Пророштвото на тибетските монаси открива сè за сите!

Рак, Шкорпија, Риби

Најтешко е да се помирите со водените знаци. Тие не само што се одмаздољубиви на ист начин како и земјените знаци, туку се и страсни како и претставниците на елементот Оган.

Скорпиите се најголемите одмаздници меѓу знаците. Ако не побарате прошка веднаш, ќе ве стават на црна листа од која ќе биде речиси невозможно да излезете.

Раковите се оние на кои треба да им се прости за се и секогаш или никогаш и за ништо. Тие самите забораваат на сето лошо, како никогаш да не се случило.За да се помирите со нив, треба да престанете да ги лутите.

Рибите лесно простуваат, но иако тоа нема да го признаат, вечно ќе ја паметат вашата кавга. Веднаш побарајте прошка за да не се грижите за нив.

Слични објави

„Црна“ низа денови: Два хороскопски знаци ќе имаат неволји во втората половина на април

еспресо

(Фото) Секси мама: Антониа Гиговска во провокативен фустан на моден настан во Хрватска

Еспресо

Саботажа: Џенан Лончаревиќ се сомнева дека жена му намерно го одовлекува разводот со врски

Еспресо

(Фото) Цеца покажа во каков луксуз го прослави првиот роденден внукот Крстан: Како во бајка

Еспресо

(Фото) Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата се најдоа среде бурата во Дубаи: Споделија морничави кадри

Еспресо

(Фото) Ова ли е Меган Маркл? Облечена во маица од 60 долари и речиси беш шминка

еспресо
Се вчитува....