10.3 C
Скопје
04:39 - 27 април, 2024

(ФОТО) ГРАДИНАР И ПЛАНИНАР, А ПОДГОТВУВА И КНИГА ЗА БИЛКИ: Дворот на Среќко во Теарце е огледало на неговата душа!

Денес разговараме со Среќко Сибиновски (64) од тетовското село Теарце, каде што – се разбира – се наоѓа и неговиот дом со прекрасен двор распослан на околу 200 квадрати, поделен на две нивоа. Сибиновски со холтикултура се занимава од многу одамна, уште како ученик во средно училиште, а љубовта кон цвеќињата ја наследил од неговата тетка, по мајка.

фото – приватна архива

– Секоја година одгледувам разнолични цвеќиња, почнувајки од сардели, кактуси, дојранчина, петунии, како и многу други видови, а одгледувам и цвеќиња во саксии, – вака ја започна својата градинарска приказна нашиот соговорник, кој освен кон цвеќињата гаи и огромна љубов кон планините.

Денес, како искусен градинар, и воопшто љубител на природата, Среќко најголем предизвик гледа во тоа да објави книга за лековити билки. Книгата е веќе во фаза на подготовка, со обирање на материјали.

Инаку, Среќко по професија е униформиран полициски службеник, односно полицаец, а од 2009 година е во пензија.

Среќко планинари од 2010 година и тоа активно во планинарски клуб Љуботен од Тетово и поминал доста места, искачил многу врвови, а повеќето на Шар Планина која особено му прави задоволство и каде се релаксира уживајќи во мирисот и убавината на цвеќињата и природата.

– За мене Шар Планина преставува убавица над убавиците, раскошна, бидејќи над 2000 емдемски растенија и лековити билки сами опстојуваат токму тука. Со оглед на тоа што познавам доста видови билки и нивните својства, најмногу ги берам мајчината душичка, кантарионот, ориганото, планинскиот чај, смреката, мечкиниот лук, тегавец, коприва, шипка, врбовка и многу други, – ни раскажува нашиот соговорник.

Тој собира и шумски плодови, на пример, костени, околу 500 до 1000 кг годишно, како и глог, кисела јаболка за правење квалитетен оцет. Костените, вели, дел ги пече, дел му служат за за вариво, а дел пак, за продажба. Собира и печурки, вргањ, лисичарка и сунчарка и од нив приготвув превкусни јадења.

Го прашуваме Среќко, што научил од планината, а, што од градинарството?

– Од планината и планинарството научив многу, најпрво стекнав многу пријатели од сите страни на нашата држава, стекнав и многу знаењс за лековитите билки и растенија и што е најважно, го најдов мирот и задоволството во прекрасните планински места, – искрен е овој искусен градинар и планинар.

Единствено на што се жали, е тоа што луѓето знаат и лошо да се однесуваат кон природата.

– Речиси во сите планински населени места има депонии што допринесува за губење на сјајот на планините, и во иднина ќе треба локалните единици во содедство со други мерки да го решат тој проблем, – заклучува овој голем љубител на природата.

Инаку, Среќко Сибиновски е член на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА:

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Кој е владиката Иларион кој го предводеше погребот Бојана Јанковиќ: Глумеше во популарна серија, па се замонаши

еспресо

(Видео) Драгана Мирковиќ со куфер во рака на аеродромот во Белград: Налета на Теја Дора која патува на Евровизија

Еспресо

Погребана Бојана Јанковиќ: Водителката испратена со песна, нејзиниот поранешен сопруг одржа трогателен говор

Еспресо

(Фото) Најновото огласување на Никола Роквиќ на патот кон Грција ги остави сите без текст: Не можете да замислите каква сума собрал!

Еспресо

Теа Таировиќ конечно вљубена до уши! Еве кој е згодниот дечко на атрактивната пејачка

Еспресо

(Видео) Обезбедувањето на раце ја изнесе Цеца од концертот: Боса едвај го задржа фустанот

Еспресо
Се вчитува....