17.8 C
Скопје
12:30 - 26 април, 2024

ЉУБОВНА МАГИЈА: Како да ги освоите и да им бидете совршен партнер на секој од хороскопските знаци

Овен

Најважно за луѓето родени во знакот на Овен е дека треба да бидат со некој кој е исто толку мотивиран како што се тие. Тие се многу амбициозни и ориентирани кон резултати. Поради тоа им треба некој што ќе го гледа животот на ист начин и постојано ќе поставува нови цели за достигнување и во приватниот живот и во врската. Исто така, партнерот мора да си го одржува зборот.

Бик

Родените во знакот на Бик се чувствуваат удобно со некој што им покажува љубов постојано. Тоа не значи да им купувате подароци или да правите екстравагантни романтични гестови секој ден. За нив е потребен партнер кој знае да ги испочитува нивните емоционални потреби. Најважна е добрата намера и помислата, но мора да има некаков доказ дека постои таа помисла. Исто така, партнерот мора да има јасна визија за иднината и секогаш да зборува што мисли и да мисли што зборува.

Близнаци

Близнаците сакаат да бидат во врска со партнер кој ќе смета дека врската е возбудливо место за авантура. Треба да учите заедно, да се смеете заедно и да го уживате животот заедно. Приоритет на луѓето родени во овој знак е да го уживаат животот. Ги привлекуваат и амбициозни луѓе, но најважно е во врската да нема тензии и да не се сфаќа премногу сериозно. Одржувајте ја возбудата постојано.

КАКО ВЕ ДОЖИВУВААТ ДРУГИТЕ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ: Раковите се лесни за манипулација, Близнаците како нестабилни…

Рак

На раковите им треба едно нешто – вистинска љубов. Мора да знаат дека двајцата сте посветени на врската и на одржување на истата. Сакаат тимски играч на кој му се приоритет лојалност и вистината. Не им пречи да поминуваат низ лошото со вас, се додека знаат дека двете страни се еднакво вложени. Ако родените во знакот на Рак веруваат дека меѓу вас има вистинска љубов и двајцата сте посветени ќе добиете извонредна верзија од нив, но ако се несигурни, спремете се за незрело и пасивноагресивно однесување.

Лав

Лавовите се дарежливи со љубовта и го бараат истото за возврат. За нив љубовта значи доверба, а довербата слобода. Ако им дадете слобода да бидат свои и имате доверба во нив ќе ви го пружат светот на дланка, но ако сте љубоморни и постојано „им се качувате на глава“ ќе имате проблем. Погрижете се добрите моменти да се побројни од лошите и бидете им целосно посветени.

Девица

На родените во знакот на Девица им е потребен некој што ќе ги сака токму такви-какви што се, внатрешно и надворешно. Тие имаат превисоки стандарди за себе и се сфаќаат пресериозно, па некој што е голема поддршка и суштински верува во нив е главен критериум за врска. Девиците секогаш имаат некоја цел која треба да ја постигнат, па ако се чувствуваат дека ја зголемувате нивната самодоверба и им го чувате грбот, ваши се. Ако притоа додадете и голем сексуален апетит, Девицата нема да може да ви оддолее.

НАЈЗБОРЛЕСТИТЕ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ: Дали сте меѓу нив?

Вага

Основно правило за Вагите е да не им правите „драми“. Наместо тоа понудете им амбиција(за парите да не бидат проблем), смисла за хумор и идеи за работи што може да ги правите заедно, бидејќи нив им е тешко да донесуваат одлуки. Колку повеќе им го олеснете процесот на донесување одлуки толку ќе бидат повозбудени на помислата за вас. Дадете им простор за да бидат свои, а и физички простор за да си ја одржат независноста.

Шкорпија

На шкорпиите им треба конекција со вашето тело, душа и ум. Кога ќе се заљубат, за нив е сè или ништо. За нив совршениот партнер го има истиот интензитет, страст, интелигенција, искреност, смисла за хумор и апсолутна искреност. Ако не сте спремни за предизвикот не им го трошете времето, а ни вашето. Тие одговараат со љубов, кога ќе бидат сигурни дека добиваат љубов. Иако тоа не звучи фер, ако имате трпение, нема да зажалите.

Стрелец

На родените во знакот на Стрелец им треба некој што ќе им го задржи интересот. Личноста со која се во врска мора да биде возбудлива. Најмногу ги привлекуваат личности кои се издвојуваат од масите и не без проблем одат во непознатото. Стрелците имаат многу емпатија, но ако покажете слабост и се однесувате како жртви ќе го изгубите нивниот интерес. Затоа покажете им дека сте авантуристи со големо срце и ќе ги освоите.

НАЈТОЧНИОТ ХОРОСКОП ВО СВЕТОТ: Пророштвото на тибетските монаси открива сè за сите!

Јарец

Јарците ништо не прават половично. За нив идалната љубов е таа со 100% посветеност, искреност и длабока конекција. Сакаат да се чувствуваат дека сте заедно против светот. Преферираат да имате слични цели и вредности во врската. Им треба тимски играч на кој врската ќе му биде приоритет. Ако веруваат дека вие сте им сродната душа, ќе направат сѐ за вас и ќе се потрудат да направат да се чувствувате како да сте најсреќната личност на светот.

Водолија

Родените во знакот на Водолија не се заинтересирани за конвенционална врска, за нив е важно несекојдневното, бидејќи сакаат да бидат уникатни. Сакаат уникатна врска, со уникатен човек. Сакаат романтична врска со длабока конеција и добра комуникација(која им е многу важна), но независност и безусловна љубов се задолжителни за Водолијата.

Риби

Рибите сакаат врска во која љубовта е приоритет. За нив љубовта е уживање на животот и прифаќање еден на друг целосно. Со сите маани, таленти, добри особини… Не им е грижа ако сте богати или сиромашни, привлечни или не, сè додека кога им треба давате безусловна љубов и поддршка. Тие се вложуваат целосно и од вас ја очекуваат истата посветеност. Ако им ја дадете слободата да бидат тоа што се и ги сакате и почитувате, ќе имате партнер за да го споделите животот.

АЛФИТЕ ВО ЗОДИЈАКОТ: Овие знаци знаат што всушност значи доминација

Слични објави

(Фото) Раста има посебен гостин во болница: Не сака да се експонира

еспресо

Пејачка почина среде концерт, се сопнала од фустанот: Фатален удар на главата

еспресо

(Фото) Харис Џиновиќ се подмлади: Пејачот го промени имиџот и не носи веќе шешир

еспресо

Астропрогноза за петок, 26 април: Важни вести за Близнаците, добри можности за Биковите

еспресо

Хороскоп за среќа: Најповолните денови во мај за секој хороскопски знак

еспресо

Српските естрадни ѕвезди се простуваат од Џаро: „Патувај легендо, мами ги ѕвездите на небото“

еспресо
Се вчитува....