19.8 C
Скопје
21:46 - 6 мај, 2024

НАЈЗБОРЛЕСТИТЕ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ: Дали сте меѓу нив?

девојки

Хороскопските знаци се рангирани од најзборлестите, оние кои не дозволуваат друг да дојде до збор, до оние кои најмалку зборуваат и претпочитаат да го набљудуваат светот околу себе и да учат од тоа. Има и такви кои балансираат – зборуваат, но и слушаат, пренесува „YourTango“.

Ова е воздушен знак со кој владее Меркур, што значи дека Близнаците едноставно не знаат да молчат. Тоа е посилно од нив, тие мора да зборуваат. Тоа им е како дишењето. А имајќи предвид дека имаат брз ум, тие можат да скокаат од тема на тема до бескрај. Припадниците на овој знак нашироко ќе разговараат за некоја тема дури и ако не знаат ништо за тоа. Тие се многу отворени, друштвени и лесно започнуваат разговор.

Овен

Овните немаат граници кога станува збор за зборување. Иако не брборат толку како Близнаците, знаат да го „удават“ соговорникот затоа што „не се исклучуваат“. Тие секогаш имаат што да кажат – и не им е важно дали на другиот го интересира темата. Кога луѓето родени во овој огнен знак имаат намера да кажат нешто, бидете сигурни дека никој нема да ги спречи во тоа. Можат да го кренат својот глас само за да докажат нешто, а дискусијата не завршува додека другата страна не попушти и не престане да им противречи.

ЛУДА СРЕЌА: На овие хороскопски знаци 2022 ќе им биде благословена година

Стрелец

Тие се искрени, ентузијасти, директни и со задоволство можат да разговараат со часови и часови за нивните бројни омилени теми. Припадниците на овој знак се одлични учители. Понекогаш едноставно треба да ги прекинете и да замолчат за момент, бидејќи се занесуваат и стануваат напорни, а не се свесни за тоа. Најдобар начин да го замолчите Стрелецот е да му дадете нова книга или да понудите тема за која не знае ништо, а тој би сакал да научи нешто ново – затоа што тоа е можност за него да го прошири опсегот на она што ќе им го каже на другите во иднина.

Риби

Рибите се еден од емотивно најсвесните знаци и би биле најсреќни кога луѓето би можеле да си ги читаат мислите и да знаат што се крие во нивното срце без да го изразат тоа со зборови. Но, многу луѓе не се премногу емпатични, така што разговорот е единствениот начин да ги изразат своите чувства. Припадниците на овој знак се многу емотивни, па ако им дадете шанса, ќе ви раскажат се. Тогаш разговорот ќе продолжи со пресврт кон вашата емоционална состојба.

Лав

За Лавовите се е игра, театралност, глума под рефлекторите… Тие не се толку наклонети кон разговор колку што сакаат да импровизираат, а тоа понекогаш бара многу раскажување. Уживаат во разговорот кога гледаат дека сите ги слушаат со ентузијазам, сакаат да се расправаат и да бидат во право, сакаат да бидат во центарот на вниманието. Кога ќе почнат да зборуваат, подобро е да не ги прекинувате – тогаш ќе можат уште повеќе да го пролонгираат разговорот, затоа што треба да ве караат што ги прекинувате и да објаснат зошто тоа не се прави. Но, иако нивната приказна може да потрае, тие на крајот му даваат шанса на соговорникот да каже нешто.

СЕКСИ ХОРОСКОП: Каков е сексуалниот стил на секој хороксопски знак и што ги пали

Водолија

Водолиите се уште еден воздушен знак кој сака да го привлече вниманието на луѓето околу нив, но особено уживаат кога разговорот е за големи светски проблеми, тогаш навистина имаат што да кажат. Такви се и во приватниот живот – едноставно не можат да се воздржат, мораат да си го кажат своето. Пред да почнат нашироко да зборуваат за нешто, припадниците на овој знак добро ја проучуваат темата и ги истражуваат сите детали. Потоа се уверуваат дека сите ќе слушнат за тоа и ќе сфатат за што се работи.

Вага

Вагите знаат да бидат многу љубезни говорници, но знаат и да ги слушаат другите. Припадниците на овој знак астролозите ги нарекуваат „хороскопски преговарачи“ затоа што сакаат рамнотежа во сите аспекти од животот, а тоа ги прави одлични соговорници. Имаат многу да кажат. Тие се заинтересирани за различни теми и имаат тенденција да зборуваат за нив на интересен, дури и едукативен начин. Исто така, со задоволство ќе ја слушаат другата страна за да научат нешто ново.

Девица

Меркур е владејачката планета на луѓето родени во овој знак, па затоа секогаш имаат многу на ум. По природа, можат да бидат малку невротични и анксиозни, поради што не секогаш се чувствуваат доволно храбри да зборуваат. Но, ако забележат дека нешто не е во ред, бидете сигурни дека нема да имаат проблем да разговараат за тоа и опширно да го објаснат. Девиците имаат исклучителни аналитички способности и секогаш даваат конструктивна критика.

АЛФИТЕ ВО ЗОДИЈАКОТ: Овие знаци знаат што всушност значи доминација

Бик

Површни разговори, глупави шеги и вулгарност се нешто кое Биковите не го поднесуваат и за што не сакаат воопшто да разговараат. Затоа пак, се способни со часови да зборуваат за нивните омилени теми, за уметност, историја, природа, технички работи… Сепак, Биковите најмногу уживаат во физичките задоволства, па затоа повеќе би сакале да трошат време на тоа отколку да зборуваат за тоа.

Рак

Раковите многу ја сакаат својата приватност, па своите мисли ги чуваат како богатство и не ги споделуваат со секого. Ги ценат луѓето кои навистина ги разбираат и се подготвени да разговараат со нив дури и за најинтимните работи. Но, не ги прифаќаат луѓето лесно во нивниот тесен круг, туку истите прво мора да ја заслужат нивната доверба, а за тоа може да биде потребно многу време. Но, штом ќе ја стекнете таа чест, ќе слушате сè и сешто, особено она што се случува во нивното срце и ум.

ИМААТ ПОСЕБЕН МАГНЕТИЗАМ: Ова се трите најпривлечни хороскопски знаци

Јарец

Припадниците на овој знак се премногу зафатени со работа за да губат време на какви било бесмислени разговори. Немаат проблем да водат долг деловен состанок или да презентираат извештај за продуктивноста на работа, но ако немаат што да кажат – зошто би разговарале? Јарците се дури можеби подобри кога се изразуваат во писмена форма отколку вербално. Кога имаат време внимателно да ги одберат зборовите, добро да размислат за нив, тие се способни многу ефикасно да изнесат нешто.

Скорпија

Скорпиите го знаат тоа – колку повеќе слушаат, толку повеќе ќе научат. Тие мудро молчат и ги набљудуваат луѓето околу нив. Додека сите останати ги откриваат своите тајни, Скорпиите молчаливо фаќаат ментални забелешки бидејќи подоцна можеби ќе им затребат тие информации. Сметаат дека не е на одмет да се знаат што повеќе детали за другите луѓе. Припадниците на овој знак ретко кажуваат нешто импулсивно. Во основа, тие добро го мерат секој збор за, откако ќе прозборат, да имаат оптимален ефект.

Слични објави

(Фото) Марко Новески позира со близначињата: „Мојата дупла среќичка“ 

еспресо

(Видео) „Не знам дали е шок за телото, но…“: Никола Роквиќ едвај дише, но не се откажува од патот до Грција

jasmina.kantardzieva

(Фото) Брена позира на луксузна јахта вредна неколку милиони: Им пркоси на годините

еспресо

Организаторите на Евровизија: Исклучувањето на Израел би било политичка одлука

еспресо

Јелена Карлеуша за Драгана Мирковиќ: „Слободно јави ми се, не кревај раце од мене!“

еспресо

Астропрогноза за понеделник, 6 мај: Нови познанства за Вагите, Скорпиите да бидат внимателни

еспресо
Се вчитува....