10.8 C
Скопје
07:34 - 25 април, 2024

МЕГАН МАРКЛ НЕ Е СЕКОГАШ ИСКРЕНА: 10 лаги со кои го измами светот!

меган маркл

Се крена огромна прашина откако Џејсон Кнауф, некогашниот помошник за комуникации на Меган Маркл излезе во јавност со информации за војвотката од Сасекс кои се косат со нејзинит изјави и исповеди. Меган не е само еднаш фатена „во лага“, туку неколкупати, а тоа Кнауф го потврдил укажувајќи дека има докази и мејлови што му ги праќала Меган лично.

Kако што пренесуваат од „Nova svet“ Меган и нејзиниот сопруг принцот Хари, веќе две години живеат во Калифорнија, откако го напуштија британското кралско семејство. Со месеци се шпекулираше околу нивните вистински причини зошто го направија тоа, а популарниот брачен пар „се отвори“ пред јавноста и во текот на интервјуто со Опра Винфри.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TheDianasClub (@thedianaclub)

Уште една драматична ситуација во животот на војвотката од Сасекс е и односот со нејзиниот татко Томас, кој им проследи писмо на медумите, напишано од Меган пред да се омажи.

Џејсон Кнауф сега е подготвен да зборува за војвотката и пред судот, каде што таа покрена спор против британските медиуми, обвинувајќи ги дека го користат и сатанизираат нејзиниот приватен живот за да добијат тираж и поголема читаност.

Писмо до отуѓениот татко

Иако редовите што му ги испрати на својот татко стигнаа и до јавноста, Меган тврдеше дека тоа е „тешка повреда на приватноста“. Иако нејзината намера била да се смират пред таа да се венча со принцот Хари, сепак тврдењето што го изнесе Кнауф е дека таа добро знаела што прави и дека имала на ум една работа – да одржи добар имиџ пред јавноста, доколку писмото воопшто стигне до медиумите.

Биографија со „малку“ лаги

Книгата „Finding Freedom“ која го обработува семејниот живот на Хари и Меган, наиде на позитивни реакции кај читателите. Иако тие пред да се објави книгата истакнаа дека немаат врска со содржината на книгата, Кнауф ја „издаде“ Меган дека таа и те како била дел од пишувањето на книгата и влијаела на содржината.

„Мејлови? Не се сеќавам“

Уште еден спорен момент од целата ситуација е постоењето на мејлови кои ги разменувала со помошникот. Меган тврди дека заборавила на тие мејлови што Кнауф ги спомнува. Тој пак вели дека е подготвен да ги сподели со судот ако се докаже вистинитоста на неговата изјава.

Проблемот бил велосипедот

Во текот на интрвјуто со Опра Винфри, Хари и Меган кажаа дека уживаат во Калифорнија во активностите кои во Англија им биле забранети. Изјавија дека ги проведуваат своите денови мирно, возат велосипед на плажа и слично. Сликите подоцна тврдат нешто друго – тие често оделе на излет во Англија со велосипед низ природа.

Телефонот сепак бил тука

Војвотката од Сасекс се пожали кај Опра дека откако си заминала од Бакингемската палата телефонот ѝ бил одземен и не можела да разговара со своите пријатели, да им се јави или да ги викне на посета. Кралските биографи веднаш ја демантираа војвотката, кажувајќи дека никој не може да ѝ го одземе правото да комуницира со луѓето од блиското опкружување, ниту пак кралицата Елизабта тоа би го побарала од неа.

На патување без пасош?

Уште една „лага“ што ја кажала Меган е дека слободата ѝ е ограничена, затоа што пасошот ѝ бил одземен. Меѓутоа постојат фотографии на кои со Хари одат на одмор на Ибица, во Амстердам и Ница. Сите тие фотографии покажуваат дека пасошот не само што не ѝ бил одземен, туку таа си го полнела со печати.

Кралското семејство било главно непознато за идната војвотка

Иако живее во Америка, Меган зборуваше дека не знаела практично ништо за идниот сопруг и семејството. Дури и животот на Леди Дијана не го знаела доволно, бидејќи не ја интересирала кралската фамилија. Пред да се омажи, не ги следела написите на медиумите околу најпознатото семејство во светот и немала увид што ја чека – тврдела Меган. Сепак, нејзините пријатели кажаа дека цел живот сакала да чита околу кралските семејства, а на екскурзија во Лондон во средношколските денови се фотографирала пред Бакингемската палата!

Венчавка пред венчавката

Меган и Хари ѝ раскажаа на Опра како официјално се венчале пред да се случи раскошната церемонија во капелата на Сент Џорџ. Тие и ден пред настанот имале повикано надбискуп кој ги венчал во дворот на замокот Виндзор. Истиот надбискуп ги демантираше овие информации, и кажа дека имало само една церемонија.

Титула за малиот Арчи

Меган кажа дека кралското семејство не сакало синот Арчи да добие титула на принц, која му припаѓа по раѓање. Како што и се дозна потоа, кралските правила не налагаат синот на принцот кој не е наследник на тронот, дека мора да добие титула.

Заштита во друга држава

Хари и Меган како и нивните деца Арчи и Лилибет, живеат во Калифорнија со приватно обезбедување. Безбедноста им била загрозена само кога одлучиле да го укинат обезбедувањето кога се преселиле. Правото на заштита им било скратено и морале да се сноѓаат сами. Меѓутоа, со нивото истапување од кралското семејство, го губат статусот на „високи војводи“ со кој им се гарантираат привилегии како обезбедување. Со самиот факт дека тие своеволно го напуштија кралскиот живот – не добиваат заслуги за да им се плаќа обезбедување во друга држава.

Слични објави

Бела низа денови: Два хороскопски знаци ги чека исполнување на соништата

еспресо

(Фото) Никола Роквиќ запеа со уличен музичар: „Патот е секогаш посреќен со песна!“

еспресо

Вртоглав успех: Два хороскопски знаци ќе направат пробив во кариерата на крајот на месецот

еспресо

Нина Бадриќ си ја отвори душата: Платив висока цена, психопати пробаа да ме малтретираат

Еспресо

Исчезна од сцената поради неизлечлива болест: Селин Дион искрено проговори за тешката борба

Еспресо

„Татко ти те научи да бидеш добар човек“: Српски свештеник го угости пејачот Никола Роквиќ

Еспресо
Се вчитува....