12.8 C
Скопје
11:52 - 18 април, 2024

ЉУБОВТА Е ПОВЕЌЕ ОД ИНСТИНКТ: Ова се трите теории за љубовта на големиот Фројд

зигмунд фројд

Преку психоаналитичкиот метод, Зигмунд Фројд дошол до заклучок дека различните облици на љубов што ги набљудувал се поврзани едни со други и делат заеднички корени во искуствата од детството. Притоа, особено му биле корисни согледувањата за љубовта што ја добивал преку анализа на трансфери (пренесување чувства од важни луѓе од детството на терапевтот). Иако набљудувањата на Фројд за природата и генезата на љубовта биле револуционерни, тој не направил сеопфатна теорија за љубовта. Всушност, можеме да кажеме дека Фројд создал три различни теории за љубовта.

Зигмунд Фројд
Зигмунд Фројд / Фото: Pixabay

Првата теорија за љубовта на Фројд е содржана во „Три есеи за теоријата на сексуалноста“ (Фројд, 1905) и во две подоцнежни написи (Фројд, 1910, 1912). Тоа е добро познатата теорија за љубовта како повторно откривање, што е можеби најголемиот придонес на Фројд во разбирањето на љубовта. Според тоа гледиште, љубовта е чин на повторно откривање бидејќи саканата личност несвесно претставува едипов родител. Во љубовта инхерентно има конфликт затоа што мора да предизвика родителски поим за да се генерира страст, но таа врска мора да остане несвесна за сексуалноста да не биде инхибирана од табуто на инцестот. Среќната љубов го поттикнува настапот на родителите без да го прекрши табуто на инцестот.

Сепак, ова не го намалува значењето на забелешките на Фројд дека љубовта честопати е повторување на претходните односи со објекти во нови односи. Луѓето несвесно бараат и наоѓаат партнери кои според некои карактеристики (барем според нивното искуство) имаат сличност со нивниот родител од спротивниот пол (но често од истиот пол).

Зигмунд Фројд
Зигмунд Фројд / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Најмногу зад ваквите избори стои потребата од повторување на сличен тип на врска со цел, како што велат гешталтистите, да се „заврши недовршената работа“ и да се најде подобро решение, да се поправи нешто што недостасувало.

Втората теорија за љубовта на Фројд е содржана во написот „За нарцизмот“ (Фројд, 1914). На претходната идеја дека љубовта е повторно откривање на едипов родител, Фројд додава дека саканата личност може да претставува и идеализиран аспект на себе. Таквата љубов ја враќа состојбата на совршенство со спојување на саканото битие со идеалното јас на личноста.

Ингмар Бергман ја пронашол третата Фројдова теорија за љубовта вградена во текстот „Инстинкти и нивните промени“ (Фројд 1915). Во тој напис, Фројд ја дефинирал љубовта како „став на егото“, што се одредува според улогата на саканото суштество во задоволувањето на сите потреби на една личност, а не само на сексуалните. Тоа е многу покомплексен поглед на љубовта од претходните теоретски ставови. Повеќе се работи за трајна љубов отколку за заљубување. Третата теорија на Фројд сугерира дека зрелото его е предуслов за љубов, бидејќи создавањето на љубовен став бара интеграција на повеќекратни импулси и афекти, вклучително и непријателски афекти (сугерира неопходност од развивање на претходните способности за кои зборувавме – толеранција кон амбивалентност, фрустрација, интегративни функции на егото…).

Зигмунд Фројд
Зигмунд Фројд / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Пред придонесите на его-психолозите, Фројд ја гледал оваа способност како природна последица на инстинктивниот развој и затоа ја сметал гениталноста како предуслов за љубов. Во третата теорија за љубовта, Фројд почнува да ја гледа љубовта како емоција, а не како сублимација на инстинктот. Така, објектот на љубовта станува единствен. Како последица на тоа, Фројд заклучува дека љубовта е повеќе од инстинкт, дека тоталното его е вклучено во љубовта кон своите објекти. Иако во љубовта може да дојде до повторување на врската со родителите, или гледање на идеалното јас во саканата личност, тоа не е се. Може да постои и реална врска со личноста што ја сакаме, што не е само пренос на чувства од родителите или проекција на идеалното јас.

Зигмунд Фројд
Зигмунд Фројд / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Во написот „За интрапсихичката функција на заљубувањето“, Бергман демонстрира како идеите на Фројд за љубовта биле моделирани според неговата топографска теорија на соништата. Љубовта е пренос на либидото од фигура од детството на некоја фигура во сегашноста, активирана кога сегашната фигура предизвикува несвесно претставување на примарниот обејкт на љубовта. Кога овие две претстави ќе се спојат и кондензираат, се појавува љубовта како и манифестираната содржина на сонот. Не е ни чудо што Фројд бил малку песимист за романтичната љубов. Од топографска гледна точка, љубовта е само сон, илузорно обновување на минатото, конструирана да се доживее како реална во сегашноста и предодредена да биде разочарување во иднината..

Слични објави

Дадилката на децата на Харис и Мелина Џиновиќ признава: „Ѝ ги перев и гаќите, беше скржава!“

еспресо

Драгана Мирковиќ сè жртвувала заради Тони: „Дали сте свесни колку ризикував?“

еспресо

Што појадуваат децата на Новак Ѓоковиќ секој ден: Билна исхрана подготвена од навечер

еспресо

(Фото) Внукот на Цеца го прослави првиот роденден: Раскош, сини балони, кадифени мечиња, елегантна трпеза

еспресо

Астропрогноза за четврток, 18 април: Вагите да си го отворат срцето, Јарците денес да се осамат

еспресо

Анѓелка Прпиќ ја отвори душата: „Кога се разведов…“

еспресо
Се вчитува....