14:48 - 15 ноември, 2026

Ана Бекута скршена од тажната вест, се обрати до семејството на Халид Бешлиќ

Пејачката Ана Бекута пристигна на снимањето на новото издание на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, а на самиот почеток од разговорот откри дека ја слушнала тажната вест за смртта на вдовицата на Халид Бешлиќ, но сè уште не успеала да стапи во контакт со нивниот син Дино.

„Не стигнав да го побарам Дино. Доцна синоќа дознав за тажната вест. Моето искрено сочувство. Ќе се потрудам утре лично да му се јавам“, изјави Ана Бекута.

Во еден момент, пејачката по грешка помислила дека еден од нејзините обожаватели е колега од шоуто, што ги насмеало присутните.

„Колега, сакаш ли да се поместам?“, прашала Бекута.

„Не, сакам да се фотографирам со вас“, ѝ одговорил обожавателот.

Пејачката Сања Вучиќ претходно откри дека станала постојан член на жирито, а Ана Бекута ја коментираше оваа новост.

„Сања сега е рамноправен член на жирито. Таа беше присутна цело време. Ја избираа и за ментор. Сања е одлична, знае многу работи. Во оваа професија е важно што знае да се избори за себе и да возврати кога треба“, рече Бекута.

Од друга страна, Драган Којиќ Кеба пред почетокот на снимањето ја коментираше здравствената состојба на својата колешка Мина Костиќ, додавајќи дека љубовта понекогаш знае и да боли.

Слични објави

(Фото) „Камерите се гасат, ама нашата приказна допрва ќе се слушне!“ — заврши снимањето на филмот за Слаткаристика

К.С.

Пред да почне работната недела — пет навики што ќе ви помогнат да седите помалку на работа

К.С.

Сузана Манчиќ крие диплома од Правен факултет: „Татко ми беше новинар, мајка ми сопран, а сите беа зачудени што завршив на естрадата“

Е.А.

Џина Џиновиќ објави видео во едно од своите највпечатливи изданија досега

Е.А.

(Фото) Наздрави за „четвртина век“ — Јанг Дади го прослави 25. роденден и доби честитки од познатите

К.С.

Појадок што мириса на пита со јаболка — рецепт за крцкав тост со рикота и цимет

К.С.
Се вчитува....