14:05 - 15 ноември, 2026

Неда Украден откри дека би простила неверство: „Не е реално да се сака само една личност“

Пејачката Неда Украден беше гостинка во подкастот „Нема лабаво од Ин магазин“ во кој зборуваше за љубовните врски и изневерувањето.

75-годишната пејачка изненади многумина со своите мислења кога ја прашаа што мисли за изневерувањето и дали некогаш би му простила на партнерот за неверство.

Украден изненади многумина со својот одговор. „На крајот мора да простите. Јас би простила неверство, на пример“, рече пејачката.

Таа додаде дека верува оти е нереално да се очекува дека луѓето нема да бидат привлечени од никого во животот освен од личноста со која се во романтична врска.

„Нереално е да сакаш само една личност и дека никогаш нема да сакаш никој друг. Приказната дека има само една личност родена за тебе и дека нема никој друг е лага“, објасни таа.

Слични објави

(Фото) „Камерите се гасат, ама нашата приказна допрва ќе се слушне!“ — заврши снимањето на филмот за Слаткаристика

К.С.

Пред да почне работната недела — пет навики што ќе ви помогнат да седите помалку на работа

К.С.

Сузана Манчиќ крие диплома од Правен факултет: „Татко ми беше новинар, мајка ми сопран, а сите беа зачудени што завршив на естрадата“

Е.А.

Џина Џиновиќ објави видео во едно од своите највпечатливи изданија досега

Е.А.

(Фото) Наздрави за „четвртина век“ — Јанг Дади го прослави 25. роденден и доби честитки од познатите

К.С.

Појадок што мириса на пита со јаболка — рецепт за крцкав тост со рикота и цимет

К.С.
Се вчитува....