23.8 C
Скопје
14:03 - 4 октомври, 2026

(Фото) Вулгарни навреди за сопругата и ќерката на Миро Кацаров, водителот се огласи лут

Водителот Миро Кацаров се огласи лут по вулгарните навреди упатени кон неговата сопруга и седумгодишна ќерка.

Тој деновиве ужива во вистинска семејна магија во Дизниленд во Париз. Сепак, прекрасниот празничен момент и семејната идила беа нарушени од вулгарни коментари на социјалните мрежи, насочени директно кон неговото малолетно дете.

На фотографијата што ја сподели со сопругата Ивана и ќерката Миа на социјалните мрежи, тие се насмеани и се држат за раце пред препознатливиот розов замок. Со неа семејството испрати порака дека најголемата среќа често се крие во наједноставните моменти.

„Среќата е едноставна: јас, ти и нашето девојче“, стои во описот на објавата на Ивана.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Миро одамна не крие дека со голема љубов ја прифатил Миа – ќерката на Ивана од нејзиниот прв брак, која ја сака и ја чува како свое родено дете. Покрај Миа, Миро и Ивана го имаат и помалиот син Тадеј.

Но, паралелно со убавите желби, под истата објава на профилот на неговата сопруга се појавија коментари со говор на омраза. Ова предизвика итна и остра реакција од водителот, кој беше згрозен од линчот на социјалните мрежи.

„На оваквите фекалии ние им викаме народот има право коа критикува. Продолжуваме да живееме со психопати, монструми и измети… Ова се случува и на мои колеги. Јас ќе го прекинам, се колнам. За дете од 7 години се збори“, напиша револтираниот Кацаров на својот инстаграм-профил.

Фото: Скриншот/Инстаграм
Фото: Скриншот/Инстаграм

На другите слики што ги сподели е и малиот Тадеј, а Кацаров до нив напиша: „Спомени денес, вчера, утре. Фамилија, богатство засекогаш“.

Кацаров е, инаку, привремено поставен за директор на Универзална сала. Откако јавноста негативно реагираше на неговиот избор, Кацаров вели дека е „логично оваа функција да ја извршува некој што повеќе од 20 години е во културата и во музиката“.

„Јас сум вработен во Универзална сала од 2019 година и логично е човек одвнатре да биде в. д. директор“, вели водителот Мирослав Кацаров, кој беше назначен на оваа функција од скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

Слични објави

Радица Таскова стана српски автор: „Лузни што зборуваат“ го продолжува својот книжевен пат во Белград

Еспресо

Да се потсетиме на „Кажи нешто, драга“ – песната која ја овековечи Драган Мијалковски и стана еден од најубавите македонски евергрини

Т.Ц.

(Видео) Поранешниот на Џејла Рамовиќ во прегратка со Милица Павловиќ во Љубљана! Не се одвојувале еден од друг

Еспресо

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Гоца Тржан искрено за семејството: „Се надевам дека наскоро ќе станам баба“

Еспресо

Цеца Ражнатовиќ доби уникатно признание од делови од берлинскиот ѕид и засадено дрво во нејзина чест по концертот во Германија

Еспресо
Се вчитува....