23.8 C
Скопје
16:17 - 19 октомври, 2026

ПИТ ДЕЈВИДСОН ЗА ПРВПАТ ЈА НАРЕЧЕ КИМ КАРДАШИЈАН „ДЕВОЈКА“: Како реагираше Канје?

ким пит

Комичарот на Saturday Night Live во едно неодамнешно интервју ја официјализираше својата врска со Ким Кардашијан, додека Канје беше забележан на вечера со девојка многу слична на неговата поранешна сопруга.

Ким Кардашијан и Канје Вест продолжуваат да испраќаат пораки од далечина: секоја акција на едниот одговара на одговорот на другиот, помагајќи да се разгори она што претставува денес најозборувана и најјавна разделба во последниве години.

А сега се вмеша и комичарот на Saturday Night Live, Пит Дејвидсон, кој веќе неколку месеци е во врска со најпознатата девoјка од семејството Кардашијан.

За време на интервјуто објавено за магазинот People, комичарот зборуваше за различни аспекти од неговиот професионален и приватен живот. Во врска со Ким, направи значаен чекор напред. Зборувајќи за слободното време,кое го поминува надвор од сетот, тој откри дека во најголем дел го поминува со своите пријатели и со неговата девојка Ким. Никогаш претходно Ким не ја нарекувал „својата девојка“. Па така фановите заклучија дека приказната меѓу двајцата оди добро.

За време на интервјуто, Пит исто така подвлече како врската со инфлуенсерката, која започна околу октомври 2021 година, не предизвикала никаков стрес во неговиот живот, напротив – задоволство и спокој. Тој, всушност, изјави дека немајќи профили на Твитер и Инстаграм се чува подалеку од муабети и озборувања и дека затоа ништо не му се променило во секојдневниот живот, иако сега постојано е во центарот на вниманието.

Канје, сепак, не стои со скрстени раце: веќе некое време се забавува со Џулија Фокс, и покрај неодамнешните гласини дека нивната врска е веќе во криза. Пред неколку вечери, сепак, раперот беше забележан во ресторанот Нобу во Малибу без Фокс. Истата вечер на истото место била забележана и моделката Чејни Џонс, облечена во многу тесен комбинезон, кој многу потсетува на оние на Баленсијага, кои често ги носеше Ким. Оваа силна сличност не ги одбегнала највнимателните набљудувачи, што ги подгреа гласините дека Чејни би можел да вечера со Канје, односно да започнуваат врска.

Слични објави

Дали ја потврди врската со 25 години помладиот Александар? Карлеуша: „Постарите мажи не чинат за ништо“

Еспресо

Цеца целосно ќелава во спот што никогаш не беше објавен: Еве зошто публиката не го виде

Еспресо

Харис Џиновиќ целосно го прекина контактот со ќерката Ѓина: „Очигледно, не ѝ требам, има заменски татко“

Еспресо

(Фото) Синот на Лозано наполни две години: Пејачот сподели роденденска фотографија, а тетката на Марко му упати емотивна честитка

Еспресо

(Фото) Хуман гест на Луна Ѓогани — му помогна на бездомник со неколку кучиња да добие покрив над главата

К.С.

(Фото) Поранешната Мис на Хрватска прошета низ Мостар – Лаура позираше на Стариот мост во кожена јакна и кратка панталони

Еспресо
Се вчитува....