4.8 C
Скопје
06:00 - 1 октомври, 2026

КАФЕТО ГИ УНИШТУВА ЗАБИТЕ, А ЗЕЛЕНИОТ ЧАЈОТ ГИ ПРАВИ ПОЗДРАВИ: Топи килограми и кожата ја прави помека

чај

Една шолја зелен чај е толку ефикасен како осум јаболка, покажаа американските истражувања. Зелениот чај е богат со антиоксиданси кои помагаат во борбата против бројни заболувања. Тој е корисен и за здравите луѓе – оние кои редовно пијат зелен чај се во подобра форма дури и подоцна во животот, покажа тригодишната студија на Универзитетот во Токио спроведена врз 14.000 луѓе постари од 65 години.

Со шолја зелен чај можете полесно да дишете

Зелениот чај штити од рак на белите дробови, бидејќи го намалува клеточното оштетување предизвикано од чадот од цигарите за 25 проценти. Го намалува оштетувањето на црниот дроб предизвикано од алкохол, а резултатите од студијата укажуваат дека би можел да биде ефективен во лекувањето на сериозни заболувања на црниот дроб.

Чај, кој ги топи килограмите

Луѓето кои покрај програмата на вежбање  пиеле зелен чај стопиле повеќе масни наслаги од стомакот, според американските истражувања. Во исто време им се намалил и процентот на холестерол и триглицериди во крвта. За да ја намалите телесната тежина, треба да испиете пет шолји на ден.

Ја чисти кожата и ја прави помека

Зелениот чај има корисен ефект врз кожата, па затоа  се препорачува за употреба во купка или за чистење на лицето, бидејќи се покажа како ефикасен против акни. Нежната купка од зелен чај делува терапевтски на сериозни воспаленија на кожата како што се псоријаза и лупус, покажа една нова студија на научниците во Грузија.

Идеален пијалак за дијабетичари

Луѓето кои  два месеци пиеле шест чаши зелен чај дневно го намалиле нивото на шеќер во крвта за 20 отсто. Во комбинација со здрава исхрана тој е ефикасен и во спречувањето на дијабетес.

Превенира при одредени болести

Кафето може да помогне во спречување на Алцхајмеровата болест и дијабетес. Чај ја спречува не само таа болест, туку, исто така и остеопороза, болести на срцето, мозочен удар и одредени форми на рак.

Кафето ги уништува забите, а чајот ги прави поздрави

Кафето остава дамки на забите и ги прави повеќе кревки, а чајот го спречува  расипувањето на забите поради високата содржина на полифеноли. Таа, исто така ги уништува бактериите кои предизвикуваат непријатен здив.

Една шолја зелен чај може да ги избрка темните мисли

Кафето не буди, но чајот (особено зелениот) може да помогне кај умерената и тешка депресија. Подобреното расположение било забележано кај луѓето кои пијат секој ден 2-4 шолји зелен чај дневно.

Кафето може да ги зголеми мастите во крвта

Пиењето премногу кафе може да доведе до зголемување на концентрациите на масти во крвта, и да се зголеми ризикот од атеросклероза. За разлика од него, чаевите делуваат спротивно, бидејќи тие содржат заштитни материи, антиоксиданси и флавоноиди.

Слични објави

Сопругата на Ѓани е во болница поради влошено здравје: „Губи многу крв, претпоставувам дека ќе биде…“

Еспресо

(Фото) „Го виде целото мое тело, те сакам“: Славење во домот на Луна Ѓогани и Марко

Еспресо

(Фото+видео) Таа е единствената Србинка која присуствуваше на Ем-ти-ви наградите: Рамо до рамо со Мадона

Еспресо

Објавени жестоките закани на Ана Николиќ: На колешка ѝ порача дека ќе ја ишиша, на друга дека ќе ѝ го отсече јазикот, а нему дека ќе го спакува во кесички

Еспресо

(Фото) Жељко Бебек се пофали со успехот на ќерката Катарина: „Нашите срца се полни со гордост и среќа“

Еспресо

Убавината на рачната изработка: украсни свеќи со цветни мотиви – уникатен подарок за секоја пригода

Еспресо
Се вчитува....