19.8 C
Скопје
11:02 - 28 септември, 2026

ЈА ОТКРИВАМЕ ДИЕТАТА НА ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ: Зелка, семки од тиква, фета сирење, кромид, еве и кои други намирници ѝ се приоритет!

Пејачката и танчарка, која наскоро ќе наполни 53 години, има тонирано и совршено тело, како резултат на интензивен и постојан тренинг, но исто така и на добра диета.

Неверојатната физичка форма на Џенифер Лопез, која ќе наполни 53 години на 24 јули, е резултат не само на мајката природа, туку и на многу тренинзи и пред сè на хипер контролирана диета. Во re;isi сите нејзини оброци таа следи ригорозен режим.

За појадок

Диетата на Џенифер Лопез е многу слична на диетата која ја практикува Меган Маркл. За појадок – храна богата со протеини или овесна каша. Според списанието „People“, нејзиниот идеален пијалак за појадок е составен од јагоди, боровинки, грчки јогурт, цимет, мед и протеински прашок, за да ги одржи мускулите ефикасни.

Ѕвездата е исто така обожавателка на класичната чаша вода и лимон за да го започне денот, и продолжува да биде добро хидрирана со пиење минимум седум чаши вода секој ден, како што објаснува нејзиниот тренер Дод Ромеро за Us Weekly. Но, никогаш нема да видите кафе на нејзината маса наутро: пејачката внимателно го избегнува кофеинот.

Мени за ручек

Нејзиниот личен тренер, Трејси Андерсон, и диктира на Џенифер избалансирана диета. „Мора да јадете многу често затоа што ви треба здраво гориво за сите активности што ги правите во текот на денот“, напиша тој на својата веб-страница.

„Секоја храна мора да биде органска, а менито е многу внимателно селектиранo: богато е со висококвалитетни протеини и многу хранлива и свежа храна. Омилени состојки на пејачката за разновидните салати се зелка, семе од тиква, фета сирење,  и кромид, сите зачинети со прелив од маслиново масло“, објаснува Андерсон.

Откако ги роди своите две деца, Макс и Ем, Џеј Ло следеше веганска диета за да ја изгуби тежината.

„Откако бременоста заврши, увидов дека има осум до десет килограми повеќе“, изјави своевремено ѕвездата за магазинот Екстра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

После строгата веганска диета, Лопез постепено додавала во исхраната пилешки гради, говедско месо, лосос и месо од ајкула, за да го зголеми внесот на протеини.

Мени за вечера

Здравите оброци продолжуваат и за време на вечерата, кога таа лично влегува во кујната и се посветува на вегетаријанското мени, кое го наменува и за нејзините деца.

– Ние јадеме многу зелен зеленчук, како аспарагус, брокула и зелка “, рече таа. „Многу сакам да готвам храна од порториканската кујна бидејќи со таква храна пораснав“. Но за вечера готвам и посложени јадења како што е белиот ориз, гравот во комбинација со зеленчук, храна што ја сака моето семејство.

Слични објави

Неделен хороскоп од 28 септември до 4 октомври: Секој ден пронајдете пет минути мир само за себе и опуштете се

Т.Ц.

(Фото) Нина Бадриќ во елегантно и заводливо издание – прошета по улиците на Париз во тесен црн фустан

Еспресо

Почина синот на пејачот Маријан Стојаноски: „Бог ми го даде и ми го зеде мојот син Петар“

Еспресо

(Видео) Песна на Весна Змијанац крие голема трагедија — вистинската приказна зад еден од нејзините најголеми хитови

Еспресо

Алка Вуица призна дека била љубовница: „Понижувачки е за една жена, мислите дека ќе излезете неповредени, но не можете“

Еспресо

(Фото) Цеце Николова покажа како ја одржува одличната форма: „Затоа сум толку радосна“

Еспресо
Се вчитува....