6.8 C
Скопје
02:56 - 26 април, 2024

ПОПУЛАРНАТА ДИЗАЈНЕРКА ОТВОРЕНО ЗА ТРАВМАТИЧНОТО ИСКУСТВО: На 18 години бев силувана од познаник, не го пријавив, но вие – пријавете веднаш!

Популарната југословенска модна дизајнерка Верица Ракочевиќ сè уште се сеќава на травматичното искуство што го доживеала на 18 години, кога била силувана од познаник. Со својата исповед таа сака да им помогне на жените кои поминале низ истата ситуација.

– Моето трауматично искуство ѝ го раскажав на Наташа Миљковиќ на РТС за да помогнам со совети и со лична – животна приказна на шеснаесетгодишно девојче кое беше силувано од нејзините пријатели. Бев многу млада, имав строги родители, а сторителот на тоа дело не го пријавив. Подоцна мислев дека е бесмислено по десет години да започнам приказна која нема да промени ништо во мојот живот. Она што сега можам да го кажам е, пријавете веднаш, и без разлика каков однос имате со вашите родители, тие се оние кои секогаш ќе ви бидат ваш одбранбен ѕид – вели креаторката.

На прашањето која е нејзината порака до жените кои пријавиле насилство, а која до оние кои сè уште не го сториле тоа, Верица одговори:

-Немам што да им кажам на тие што пријавиле, тие што не пријавиле, нека пријават веднаш без ден чекање – децидна е модната дизајнерка.

Верица отсекогаш му пркосела на времето, и во бизнисот и во љубовта. Така таа ја откри тајната за тоа колку добро се снаоѓа на непознат терен.

– Се раѓате со сила и предодреденост да бидете различни. Кога уште со сета сила ја негувате таа предодреденост, тогаш нема големи тајни. Сила на умот, доследност и истрајност да бидете тоа што сте, без разлика на тоа што не се вклопувате во клише – вели таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Verica Rakocevic (@verica.rakocevic)

Иако има 74 години, на нејзиниот изглед можат да ѝ љубоморат многу помлади дами.

Дизајнерката секогаш храбро се справуваше со сите ветрови што се обидуваа да ја скршат. Денес вели дека не се грижи што ќе кажат другите, но и дека сите тешки ситуации во кои се нашла биле гориво за да оди понатаму, напред.

-Ќе излажам ако речам дека не ме допира. Често плачев тивко, не затоа што ме погодија тие бури, туку поради силата и количината на човечката несреќа. Само несреќите со кои луѓето не знаат како да се справат предизвикуваат толкава количина на омраза која, како најстрашните бури, ја испраќаат до луѓето кои не се вклопуваат во нивниот шаблон. За моја среќа, тие ситуации беа погонско гориво за да одам напред – објаснува Верица Ракочевиќ за блиц.рс.

Слични објави

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо
Се вчитува....