23.8 C
Скопје
17:41 - 30 септември, 2026

НЕ Е ДОВОЛНО ДА СЕ БИДЕ ЏОН МАЛКОВИЧ: Не го примиле во хотел во Венеција без „супер грин пас“, отишол во приватно сместување!

Правилата важат за сите, па актерот се нашол принуден да бара алтернативно сместување за да остане во Венеција.

Поради новите одредби на италијанската Влада поврзани со правилата на заштита од коронавирусот, кој беснее во Италија, дополнителното заострување на мерките вклучува (на одредени места) да се покаже „зелената пропусница“ за пристап, а за хотелите – таканаречен Super Green Pass.

Американскиот актер Џон Малкович деновиве е во Венеција бидејќи ја снима ТВ серијата Ripley, инспирирана од романите на Патриша Хајсмит. Сè му одело без проблеми, додека не дошол да се пријави во хотелот „Даниели“ во Венеција, каде што продукцијата му резервирала многу луксузен апартман, со поглед на каналот Сан Марко.

Проблемот, како што прв објави дневниот весник и портал „Газетино“, е што глумецот, немајќи зајакната зелена сертификација (супер грин пас), не можел да престојува во хотел(и). Организаторите на филмот изјавиле дека се изненадени од ситуацијата и веднаш се стрчале во потрага по друго сместување за Малкович. Решението е пронајдено за неколку часа: се работи за приватен и луксузен дом.

За волја на вистината, целата продукција, односно снимање, на серијата започнала бавно минатата недела, поради проблеми поврзани со Ковид, толку многу што се проценува дека околу една третина од 300-те вработени се водат за заболени од ковид. За да се обидат да ја спречат итната состојба, продуцентите се потпреле на локална лабораторија за анализа и целиот персонал правел молекуларни брисеви на секои 48 часа.

Накратко, лекцијата е јасна: не е доволно да се биде Џон Малкович.

Слични објави

Убавината на рачната изработка: украсни свеќи со цветни мотиви – уникатен подарок за секоја пригода

Еспресо

„Имам 52 години, приказната е завршена“: Гоца Тржан се откажа од борбата за второ дете

Е.А.

Гога Секулиќ откри што знае за помладиот избраник на Карлеуша: „Прекрасно момче е“

Еспресо

„Сепак ништо од тужбата“: Јелена Радановиќ проговори за скандалот со Ана Николиќ и откри како заврши сè

Е.А.

„Ја изневерив сопругата со Злата Петровиќ“: Познатиот хармоникаш шокираше со признанието за аферата

Е.А.

(Фото) Се омажи Сара Маркоска — некогаш беше најнадежната македонска пејачка, а денес живее бајка со саканиот Ричард

Еспресо
Се вчитува....