32.8 C
Скопје
14:53 - 9 септември, 2026

(ФОТО) ЗДРАВКО ЧОЛИЌ СИ КУПИ НЕВЕРОЈАТЕН ИМОТ НА ЗЛАТИБОР: Со базен од стакло, поглед на ски-терени, спа, криокомори и барокомори

Една од најголемите балкански ѕвезди, легендарниот Здравко Чолиќ, неодамна реши да се почести со имот на Златибор. И не каков било! Пејачот сфатил дека најдобро е своите пари да ги вложи во луксузен стан во зграда која се уште е во изградба.

Станува збор за голем, извонредно опремен пентхаус апартман со поглед на целиот Златибор, во склоп на „Royal Gardens“ Златибор, кој се гради во близина на Кралските Конаци, веднаш до студентското одморалиште.

Уште една работа во која ќе можат да уживаат Здравко Чолиќ, но и сите други сопственици на овие навистина луксузни и станови,  се поволностите како на пример, на дури два СПА центри. Еден од нив ќе се наоѓа на самиот врв на зградата, што значи дека ќе има исклучителен поглед на планините, а ќе има и базен со стаклено дно, единствен во Европа.

Во понудата ќе бидат вклучени и бројни медицински и спортски објекти, како најсовремена теретана со над 200 м2, криокомори и барокомори.

Инаку, познато е дека легендарниот Чола е голем фан на Златибор и дека сака да доаѓа овде и приватно со семејството, и професионално. Пред неколку години на еден свој настап направи неверојатна атмосфера – иако надвор беше -17  степени, Здравко Чолиќ не сакаше да ја изневери својата Златиборска публика, пренесува информер.рс. 

Слични објави

Карлеуша и Тошиќ „солено“ ќе го платат школувањето на Атина во Милано – купуваат и луксузен стан

Еспресо

Лесен е за приготвување и воопшто не е скап – Колач со диња и вишни

Т.Ц.

Драган Којиќ Кеба дозна дека ќе стане дедо, неговата реакција е урнебесна

E.A.

„Сè поретко бевме интимни, дури и ѝ реков ‘Немој да барам нешто од страна““: По разводот му зеде 150.000 евра, локал и стан

E.A.

Природни решенија: Плакнете ја устата со овие состојки, го освежуваат здивот и ги смируваат воспаленија

Еспресо

(Видео) Ника брутално искрена за гримасите на Душко додека Јелена плачеше

E.A.
Се вчитува....