08:04 - 9 ноември, 2026

(Видео) Игор Џамбазов најде инспирација во еден обичен ден и напиша песна за понеделниците

Ако постои некој што може да се инспирира од сè, па дури и од еден обичен ден во неделата, за многумина најздодевниот – понеделник, тогаш дефинитивно тоа е нашиот Игор Џамбазов.

Џамбаз напиша фантастична песна опишувајќи го понеделник како еден посебен ден. Песната „Понеделнички“ е љубовна, музиката е брза, исто така дело на Џамбазов, а аранжманот го спакувал Давор Јордановски.

Пејачот Дарко Гроздановски ја донесе  во најдобро можно светло.

„Таа работи на шанк од осум и пол до два. Ги знае скоро сите само нема појма кој сум jac. Понеделнички спроти неа на шанкот седнувам, ама од пусти срам ниту еднаш во неа не погледнувам“, се вели во песната.

И спотот е како краток филм кој го прикажува заљубеното срамежливо момче коешто секој понеделник оди да ја види девојаката во којашто ја заљубен, во кафулето во коешто работи таа. Тој нема храброст да ѝ пријде па додека го пие кафето пишува стихови за неа.

Главната улога во видеозаписот ја има преубавата менекенка Моника Црнокрак.  Во одредени кадри ќе го видиме и Игор.

Слушнете ја песната, нема да ви излезе од глава.

 

 

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....