11:58 - 29 ноември, 2026

Маја Вукичевиќ се присети на нејзиниот настап на „Макфест“

Пејачката Маја Вукичевиќ пред неколку години одлучи да направи голем чекор и да се пресели во далечната Австралија, каде што гради среќен живот заедно со нејзиниот син Гораст.

Пред два месеци и официјално стана државјанин на Австралија. На свечената церемонија одржана во Сиднеј, меѓу присутните официјални лица беше и австралиската пратеничка Даи Ле.

Сега Маја ги разнежи пријателите на социјалните мрежи, споделувајќи емотивен спомен.

Се работи за нејзиниот настап на фестивалот „Макфест“ во 2006 година. Еден од нејзините најголеми хитови е песната „Зборови“, која ја испеа на фестивалот „Макфест“ во Штип во 2002 година.

Вукиќевиќ се присети на втората фестивалска вечер и на соработката со двајца врвни македонски музичари кои оставија неизбришлив белег на сцената – маестро Зоран Џорлев на виолина и Давор Јордановски на клавир.

„Два маестри што со секој тон ѝ дадоа душа на песната. Ви благодарам“, напиша Маја, додавајќи дека покојниот Џорлев засекогаш ќе остане во нашите срца.

Зоран Џорлев почина на 1 јануари во 2021 година од компликaции како последица на ковид-19.

Слични објави

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо
Се вчитува....