36.2 C
Скопје
17:28 - 31 јули, 2026

Хари се враќа во Лондон? И тоа без Меган

Принцот Хари се враќа во Лондон, без Меган.

Дојде време за големото враќање на принцот Хари во Лондон, по неколку месеци поминати во Соединетите држави. Поводот е поврзан со големиот проект на кој работи принцот, и во кој е вклучена и кралицата Елизабета. Кралицата, всушност, ќе биде протагонистка на некои снимања во режија на самиот Хари, што ќе стане дел од документарецот на Нетфликс. Точно така, Хари се посветува на правење на документарна серија, која сака да ја претстави врската помеѓу кралското семејство и Игрите Инвиктус.

Игрите Инвиктус се спортски настан што вклучува натпревар помеѓу ветерани од војната, а ова е проект за кој Хари е особено приврзан, и за кој, заедно со неговата сопруга Меган, потпиша договор од 100 милиони долари со стриминг гигантот, Нетфликс.

Хари ќе биде примен од кралицата заедно со целата екипа и ќе биде проследен со прес за време на неговиот говор во Центарот за рехабилитација на ветерани на армијата во Нотингемшир.

Ова е многу дискутабилно враќање, особено поради фактот дека секој пат кога принцот стапнува во Велика Британија, секогаш се појавуваат нови контроверзии. Сепак, се уште постои надеж за можно помирување со кралското семејство, а мотивирано од фактот дека Хари ќе се врати дома без Меган, која постојано беше причина за семејни недоразбирања.

Сепак, има многу договори и рокови што треба да се исполнат, што можеби ќе го одвлече вниманието на Хари далеку од семејните работи. Наредните месеци навистина ќе бидат многу интензивни за војводите од Сасекс ќе треба напорно да работат за да ја постигнат својата голема цел: да постигнат финансиска независност. Всушност, откако кралицата и Чарлс им ги затворија вратите на „трезорот“, односно изворот на финансии, парот напорно работи за да ги подмири трошоците за вилата во Лос Анџелес.

Слични објави

А каде е Јелисавета? Павле Менсур замина за Хрватска без девојката, а еве кој му прави друштво

Е.А.

Важеше за голем хуманитарец, а една песна му го промени животот – денеска се навршуваат 15 години без Луис

Е.А.

Ѕвездите носат пресврти: Што им носи првиот викенд во август на хороскопските знаци?

Т.Ц.

Маја Беровиќ за кариерата, рекордите и односите меѓу пејачите

Е.А.

„Јас синоќа една прецртав“: Марија Шерифовиќ си исполни голема желба, па откри која е

Еспресо

Обожавателка го гаѓала Слоба Радановиќ со чизма откако одбил да ја бакне

Еспресо
Се вчитува....