21.8 C
Скопје
18:20 - 28 септември, 2026

ГО ЛАЖИРАЛ СОПСТВЕНОТО КИДНАПИРАЊЕ ЗА ДА ЗЕМЕ ПАРИ ОД ПРИЈАТЕЛИТЕ: Една работа му се „удри од глава“

полиција

Им испраќал потресни снимки и фотографии преку социјалните медиуми на кои е измачуван и побара пари за негов откуп

Кристофер Селман од Кент го лажирал своето киднапирање за да земе пари од пријатели и познаници.

На фотографиите кои им ги проследил тој е со нож на вратот и со пиштол на слепоочницата. Со видеото, отишол чекор понатаму, па таму се гледа како главата му е потопена во вода додека се бори за здив

Нему, во оваа морбидна измама му помогнала неговата поранешна девојка Стефани со која детално го разработил планот “киднапирање”.

Нивните жртви на измамата први добиле порака на социјалните мрежи од непознат број, каде имали фотографија на која се гледа главата на Кристофер со нож на неа.

Во пораката, “непознат киднапер” напишал дека го киднапирал Кристофер, и ќе го ослободи само ако платат пари на одредена банкарска сметка.

Плашејќи се за неговиот живот, пријателите веднаш уплатиле дел од парите, но тоа не било доволно за него, па продолжувал да бара повеќе пари.

Наредните денови им испраќал фотографии со пиштол во устата, барајќи им 1.000 фунти или наводно ќе го убијат.

Бидејќи језивата пракса продолжила и во наредните денови, неговите пријатели почнале да кажуваат дека немаат повеќе пари, но тој ги исплаши со приказната дека знае каде живеат и дека некој ќе ги претепа доколку не дадат пари.

Пријателите на Кристофер веднаш контактирале со полицијата во Кент, а тие ги советувале да го променат телефонскиот број. Сепак, Кристофер и Стефани имале решение за оваа ситуација. Почнале да испраќаат фотографии преку е-пошта и социјални мрежи.

Полицијата, во склад со постапката, ги анализирала граматичките грешки на Кристофер и грешките на наводните киднапери. Она што го откриле, ги шокирало. Сфатиле дека овие исти пропусти, ги правел и Кристофер, наскоро го пронашле и го уапсиле за уцена, пишува Метро.

Тој беше осуден на две години и четири месеци затвор, а неговата поранешна девојка Стефани на 18 месеци условна казна.

Неговите пријатели беа повредени поради начинот на кој Кристофер се обиде да ги измами, рече полицискиот инспектор.

– Кога дојдоа кај нас, не се грижеа за парите. Важно им беше само тој да се спаси. Моите мисли се со овие луѓе, ќе биде потребно време да се опорават од овој шок “, рече тој.

Слични објави

(Фото) Кој е новиот дечко на Ела Дворник? Покажа дел од него по долго време

Еспресо

„Сите ме прашуваат дали бил заљубен во Силвана“ – Вдовицата на Тома Здравковиќ разби еден од најголемите митови за неговиот живот

Т.Ц.

(Видео) Карлеуша и нејзините ќерки се иселуваат од вилата – Ника се огласи доцна во ноќта

Еспресо

(Фото) Мина Блажев во кратко бело фустанче ја прослави веридбата — го покажа и вереничкиот прстен

Еспресо

(Фото) Подгответе се навреме за поладните денови – во бутикот „Капитол“ во ГТЦ ве очекува новата машка есенска колекција

Еспресо

(Фото) Јордан Митев го крсти синот Кристијан на неговиот прв роденден: „Господ секогаш нека биде со тебе“

Еспресо
Се вчитува....