23.8 C
Скопје
16:18 - 19 октомври, 2026

(Фото) Шминката не ги покри болката и отоците: Се огласи Дракче по операцијата

Драгица Сревковска – Дракче е една од нашите најпознати ТВ-лица, шармантен лик кој ни го развеселува секојдневието со емисијата „Готвиме со Дракче“. Многу познати лица гостувале во оваа емисија кај неа и готвеле заедно со неа.

Таа му е сопруга на Орце Стевковски познат како царот и со него со години делат добро и лошо. А Дракче, колку е и да е насмеана и безгрижна пред камерите, си има голема мака која неодамна ја сподели на социјалните мрежи. Станува збор за болест со која таа со години се бори.

„Јас, вашата Дракче кога ја слушнав мојата последна дијагноза земав лист и пенкало и си напишав протокол за мојот погреб.. Потоа го објаснив на моте деца и сакав се да биде скромно како што сум и самата јас.
И што ако умрам јас од смртта не се плашам затоа што јас ќе продолжам да живеам во срцето на моите блиски на многу знајни и незнајни луѓе ,ке живеам преку многуте напишани книги,многуте проекти и пред се со секавањата на мојата чиста душа… За крај да ги известам тие што носат трула душа дека само иницијативно се собра тим на врвни доктори кои ќе ме оперираат и вратат во нормалниот живот.
И пак ке се смејам и ќе ги радувам добрите луѓе и на секое завршување на емисијата ќе ви кажам ВЕ САКААААМ“, напиша меѓудругото Дракче во јули.
Фото: Фејсбук
Сега, откако заврши најголемиот предизвик, таа се огласи со уште една објава:
„Сакав да ВИ се обратам преку видео ,арно ама солзите ме издадоа(плачка).
На сите ВАС познати и непознати искрено и од срце ви благодарам за утешителните зборови за молитвите за се што ми даде сила да ги издржам и моментите на болка и тага. Си реков стани Дракче подзачешлај се стави малку шминка и кажи си, МОЖАМ.
Шминката не ја покри ни болката истоштеноста ни отоците.Но најбитно од се се насмевнав со ЉУБОВ кон ВАС да ви кажам ВЕ САКААМ. Имам Надеж,силата ќе ја вратам ..НАЈМНОГУ ОД СЕ МЕ РАДУВА – ЉУБОВТА ШТО ЈА ДЕЛЕВ ЈА УМНОЖИВ и не има многу. Позз од мене во мојата градина“, напиша Дракче.
.

Слични објави

Дали ја потврди врската со 25 години помладиот Александар? Карлеуша: „Постарите мажи не чинат за ништо“

Еспресо

Цеца целосно ќелава во спот што никогаш не беше објавен: Еве зошто публиката не го виде

Еспресо

Харис Џиновиќ целосно го прекина контактот со ќерката Ѓина: „Очигледно, не ѝ требам, има заменски татко“

Еспресо

(Фото) Синот на Лозано наполни две години: Пејачот сподели роденденска фотографија, а тетката на Марко му упати емотивна честитка

Еспресо

(Фото) Хуман гест на Луна Ѓогани — му помогна на бездомник со неколку кучиња да добие покрив над главата

К.С.

(Фото) Поранешната Мис на Хрватска прошета низ Мостар – Лаура позираше на Стариот мост во кожена јакна и кратка панталони

Еспресо
Се вчитува....