06:41 - 29 ноември, 2026

(ФОТО) ПРВ ПАТ ВО ЈАВНОСТ ПО РАЗВОДОТ БЕЗ БУРМА: Џејсон Момоа е официјално сингл

Џејсон Момоа, познат и како Аквамен по неговата улога во истоимениот филм за прв пат беше виден во јавноста откако излезе веста дека се разведува од сопругата Лиза Бонет со која беше во врска 16 години, а четири години во брак.

Фотографите го забележале како оди кон својот автомобил пред продавница во Лос Анџелес, со картонска кутија во раката. Носел маска за лице, очила за сонце и капа, а на раката не носел бурма, пренесува „DailyMail“.

Минатата недела Џејсон и Лиза преку заедничка порака на Инстаграм објавија дека се разведуваат.

„Нашиот брак заврши. Ова не го споделуваме затоа што мислиме дека веста е достојна за внимание, туку дека можеме достоинствено и искрено да го продолжиме животот“, рекоа тогаш.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by iO Donna (@iodonna_it)

Тие се запознале во џез-клуб во 2005 година, долго пред Момоа да се прослави со улогата на Кал Дрого во „Игра на тронови“. Лиза стана позната како Дениз Хакстабл во хит-серијата од 1980-тите „Козби Шоу“, и е 12 години постара од Џејсон.

БЕА ПРИМЕР ЗА СОВРШЕН БРАК! Аквамен бил опседнат од Лиза Бонет цели 33 години и сега се разведуваат!

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....