14.8 C
Скопје
21:42 - 22 октомври, 2026

НА ПОЛНОЌ ПОГЛЕДНЕТЕ КОН НЕБОТО И ЗАМИСЛЕТЕ СИ ЖЕЛБА: Ќе се отвори небото и Бог ќе им се јави на луѓето

месечина

Штом сонцето почне да заоѓа, христијаните почнуваат да се поздравуваат со поздравот „Бог се јави!“ во очи на празникот.

Според преданието, ноќта спроти Богојавление или Водици се отвора небото и се верува дека секоја желба може да се исполни. Точно на полноќ треба да погледнете во небото и да се замисли желба, која каква и да е мора да биде јасна.

Денес е зимскиот Крстовден, ден кој се слави во пресрет на Богојавление и е прв ден по Божиќ кога православните верници постат.

Нашите предци верувале дека ноќта помеѓу 18-ти и 19-ти јануари, небото се отвора и „Бог се појавува“. Според верувањето, Богојавление – јавувањето на Бога, се случува во глувата доба на предвечерието на празникот, кога во отвореното небо се вкрстуваат ветровите кои дуваат во зима и оние кои дуваат во лето.

Богојавление е денот кога Исус Христос бил крстен во реката Јордан. Кога наполнил 30 години, Исус дошол на реката Јордан за да го крсти Јован Крстител, кој ги подготвувал луѓето за доаѓањето на Месијата и ги крштевал оние кои се покајале на брегот на Јордан.

При крштевањето на Исус Бог се јавил три пати. Тој момент претставува објавување на Богочовекот и воведување на Христос во месијанската мисија.

На овој ден во сите храмови се осветува вода, која народот потоа ја зема во својот дом. Се верува дека водата има лековита моќ и затоа секогаш се држи во куќата покрај икона како спасителски лек.

Слични објави

Се огласи Весна Змијанац по тајната венчавка на Николија и Реља – пејачката беше преплавена од емоции

Еспресо

Рада Манојловиќ првпат проговори за гласините дека купила стан и автомобил

Еспресо

(Фото) Игор Џамбазов ја гризе Ивана Кнез за стапалото: „Животот е поубав од филм, ако умееш да го живееш“

К.С.

(Видео) Објавена снимка од тајната венчавка на Николијa и Реља: Заводливо танцуваа, а пејачката блескаше во елегантна венчаница

apostolova

(Видео) Карлеуша уловена како се бакнува со 25 години помладиот Александар!

Еспресо

(Фото) Даниел Кајмакоски го прослави 43-тиот роденден со семејството — сопругата Марина го опсипа со бакнежи

К.С.
Се вчитува....