8.8 C
Скопје
03:39 - 29 април, 2024

(ФОТО) ОВИЕ ЅВЕЗДИ ЈА ЧУВАЛЕ СВОЈАТА НЕВИНОСТ ДО БРАК: Тоа може да биде кул и секси

Многу холивудски ѕвезди низ годините ја шокираа јавноста со признанието дека започнале да имаат секс во раните тинејџерски години, но постои и друга страна во светот на славните. Некои актери и пејачи пак, открија дека ја чувале својата невиност до бракот.

Адријана Лима и Марко Јариќ

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @love_models2018

„Сексот е за брак. Ако нема почит, тоа значи дека навистина не ме сака“, рече Адрана Лима во 2006 година во едно интервју.

Светскиот модел Лима и српскиот кошаркар Јариќ биле три години во врска пред да го кажат судбоносното да. Тие имаат две деца заедно. Се разделија во 2016 година.

Џесика Симпсон и Ник Лачеј

„Невиноста може да биде кул и секси“ , изјави Џесика Симпсон за списанието „Пипл“ во 2000 година.

Додека била тинејџерка пејачката му ветила на својот татко кој бил свештеник дека ќе почне да носи прстен кој ќе ја означува нејзината чистота од 12-годишна возраст. Пејачот Ник Лачеј призна дека не било лесно, но ја почитувал нејзината одлука. Тие се венчаа во 2002 година, а четири години подоцна, одлучија да се разведат. Џесика сега е мажена за Ерик Џонсон со кого има две деца.

Лиза Кудроу и Мајкл Стерн

 

View this post on Instagram

 

A post shared by lara|fan account (@kudrowily)

Лиза Кудроу која се прослави со нејзината улога на Фиби од култната серија „Пријатели“ била сосема поинаква од ликот што го играше во серијата. Таа за медиумите призна дека ја чувала својата невиност до брак, односно дека не сакала да спие со момчиња само затоа што тоа го правеле сите нејзини пријатели. Првпат спиела со нејзиниот сопруг Мајкл кога имала 31 година.

Тина Феј и Џеф Ричмонд

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katie Pellegrino (@pellegrinokatie)

Познатата комичарка ја загубила невиноста на 24 години со сопругот Џеф Ричмонд, а пред него наводно дома носела само момци кои биле геј. „Гледаш дека имам добар христијански карактер… или само бев грда“, се пошегува Тина на своја сметка во шоуто на Дејвид Летерман.

Џастин Бибер и Хејли Болдвин

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber)


Иако и двајцата веќе биле сексуално активни во минатото, пејачот Џастин Бибер и неговата сопруга Хејли Болдвин чекале до брак за да уживаат во љубовта во целост. Џастин апстинирал за, како што кажа во една прилика, да се приближи до Бога. Тој призна дека бил многу промискуитетен и верува дека Хејли е „награда“ за неговиот почист начин на живот.

Слични објави

(Фото) Драгана во прегратки на млад маж: Кога срцето ќе застане…

еспресо

(Фото) Лазар Ристовски угол гол во осмата деценија: Секси најава на новата серија

еспресо

(Видео) Милица Тодоровиќ брутално навредувана поради физичкиот изглед: Пејачката се здебели над 20 килограми!

Еспресо

(Видео+фото) Какво изненадување! Сопругата и децата го пресретнаа Никола Роквиќ додека пешачи кон Грција

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ му испрати на оперираниот Раста силна порака: Еве што имаше да му каже со три збора

Еспресо

Зошто за Велигден вапсаме јајца? Потекло, симболика и практичност на велигденското јајце

еспресо
Се вчитува....