22.8 C
Скопје
16:38 - 27 април, 2024

(ФОТО) МАГАЗИНОТ „ТАЈМ“ ОДЛУЧИ: Илон Маск е личност на годината!

Американскиот магазин „Time“ ја избра личноста на годината. Личноста на 2021 година е Илон Маск, најбогатиот човек на светот, кој нема куќа, бидејќи ги продал сите свои седум имоти и живее во куќа што му ја изнајмила неговата компанија „SpaceX“.

На инстаграм-профилот „Time“ се појави портрет на Илон Маск, а во описот на фотографијата стоеше опширен текст за една од најпознатите личности на денешницата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TIME (@time)

„Илон Маск им пркоси на хејтерите цел живот; сега се чини дека конечно е во позиција да ги стави на нивното место. Бидејќи 2021 година беше година на Илон Маск. Во април, „SpaceX“ потпиша ексклузивнен договор со НАСА да испрати американски астронаути на Месечината за првпат од 1972 година. Маск беше домаќин на „Saturday Night Live“ во мај. Во октомври, гигантот за изнајмување автомобили „Hetrtz“ објави дека планира да додаде 100.000 модели на „Tesla“ во својата флота“, пишува „Time“.

ФОРБС ОДЛУЧИ: Мекензи Скот е најмоќната жена во светот!

Маск, кој тежи 250 милијарди долари, е најбогатиот човек во историјата, барем на хартија. Тој е сопственик на „Tesla“ и „SpaceX“. Се занимава со криптовалути, соларна енергија, сака да го насели Марс. Со своите објави на „Twitter“ секојдневно ја шокира јавноста и го тресе пазарот на криптовалутите.

Маск е роден на 28 јуни 1971 година во Јужна Африка како син на Меј Маск, модел и нутриционист од Реџина и Ерол Маск, јужноафрикански електромашински инженер, пилот и морнар. Дипломирал економија и физика на Универзитетот во Пенсилванија, а потоа се преселил во Силиконската долина. Неговиот деловен пат започна откако ја основал софтверската компанија „Zip2“ со својот помлад брат, а во 1999 година браќата го продадоа „AltaVisti“ (еден од првите пребарувачи) за 307 милиони долари и дополнителни 34 милиони долари во залиха.

ПРИМЕНЕТЕ ГИ: Мајката на Илон Маск откри пет совети како да одгледате успешни деца

Уште во 2000 година, Маск го кофинансираше проектот „PayPal“, систем за онлајн плаќање што му донесе голем успех на Маск и, на крајот, огромни 1,5 милијарди долари во акции на „eBay“.

По „Paypal“, Илон Маск инвестираше во „SpaceX“, компанија која ја основал пред точно 20 години. Во февруари 2004 година, Маск инвестираше во „Tesla“ и му се придружи на одборот на директори на „Tesla“ како негов претседател. По финансиската криза во 2008 година, Маск го презеде раководството на компанијата како извршен директор и архитект на производи, а овие позиции ги држи и денес.

Илон Маск често зборува за тешките почетоци на неговата кариера. Тој рече дека по отворањето на „Zip2“, спиел во неговата канцеларија бидејќи не можел да си дозволи да изнајми стан и канцеларија. Тој, исто така, не ги криеше емоциите и солзите, потсетувајќи на големата криза во 2008 година кога „Tesla“ беше пред банкрот. Маск е татко на шест сина.

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев: Тироидектомија – отстранување на тироидната жлезда

еспресо

Еве што велат сараевчани за Харис Џиновиќ по разводот од Мелина: „Лош човек, го кренал носот…“

еспресо

Неделен хороскоп (од 29 април до 5 мај): Посебни мигови за Јарците, љубов за Биковите, одлично за Близнаците…

еспресо

(Фото) Силни зборови на Драгана Мирковиќ по разводот: „Многу сум посилна отколку што мислев, се сакам новата себе!“

еспресо

Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо

Астропрогноза за сабота, 27 април: Важно познанство за Лавовите, многу среќа за Скорпиите

еспресо
Се вчитува....