05:39 - 29 ноември, 2026

(Фото) Џорџина Родригез го извади целиот луксуз на виделина: Јахта, накит, чанти, чевли…за „плакнење очи“

Девојката на Кристијано Роналдо продолжува да споделува фотографии од нивниот долг летен одмор. На нејзиниот Инстаграм профил сега се објавени нови фотографии од манекенката и мајка на децата на фудбалерот која има повеќе од 50 милиони претплатници.

„Многу љубов“, напиша 29 годишната Родригез.

На фотографиите ѕвездената двојка се сонча и вечера на јахта.

Сепак, во повеќето кадри Џорџина го покажува својот луксузен накит и чанти, особено Биркин.

Во меѓувреме, следбениците на манекенката го критикуваа нејзиното нагласено прикажување на луксузниот живот со Роналдо.

„Отсекогаш се прашував која е потребата да се покаже луксуз, нема ли што друго да се покаже? навистина смешно“, пишуваат следбениците на Џорџина во коментарите.

Џорџина Родригез и Кристијано Роналдо одгледуваат пет деца, од кои две на фудбалерот му ги роди манекенката. Сепак, тие не брзаат да се венчаат.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....