23.8 C
Скопје
12:16 - 10 август, 2022

Филмот „Спенсер“ за ЛЕЈДИ ДИЈАНА е чист маркетинг? На модата очигледно ѝ треба киното!

Конечно се случи – по низа одложувања филмот „Спенсер“ од денес се прикажува во европските кина. Режисерот Пабло Ларен се соочува со митот за Лејди Дијана – денес пожива од кога било – потпирајќи се на глумицата Кристен Стјуарт за да ги раскаже Божиќните празници во 1991 година, клучен момент во животот на принцезата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Spencer (@spencerfilmuk)

Ларен раскажува мрачна приказна: од една страна гламурозниот и блескав изглед на животот во кралското семејство, од друга личната драма на Дијана, сè поосамена и сè понесреќна.

Модата игра огромна улога во прикажувањето на контрастот помеѓу златниот кафез и неговиот затвореник, а тоа е очигледно и од самиот филмски постер на кој доминира спектакуларен бел фустан на Шанел. Улогата на француската модна куќа не е ограничена само на гардероба и костими, туку вклучува голем дел од продукцијата: „Спенсер“ е само најнов пример за тоа како модата бара нови начини да се искаже преку филмови и ТВ серии.

Костимите во филмот Спенсер се потпишани од Шанел. Дијана всушност почна редовно да носи облека од Шанел по напуштањето на кралското семејство, но филмот Спенсер е сместен пред разводот, во 1991 година. Кралската етикета претпочита британски дизајнери за официјални пригоди, но принцезата од Велс често правеше отстапки: позната е нејзината љубов кон  француската елеганција на Диор, а во ерата по разводот, за италијанската сензуалност на Версаче.

Шанел не изостана во гардеробата на Лејди Д, но не беше ниту клучно присуство. Зошто тогаш во филмот доминира токму Шанел,  давајќи ѝ истакнато значење?

Мора да се земе предвид дека и главната глумица во филмот Кристен Стјуарт е легендарно лице на Шанел. Всушност, актерката неколку пати беше заштитно лице на францускиот бренд и главно носи фустани од Шанел на црвените теписи.

Модната куќа не само што ги отвори своите архиви за костимографите, туку е и официјален партнер и спонзор на филмот.

Слични објави

Колешката од „Брилјантин“ се прости од Оливија Њутн-Џон: „Јас сум без зборови, последен пат кога зборувавме ми рече…“

Еспресо

Бен Стилер откри дека ја одбил улогата во познатиот филм: „Сè уште ме мачи тоа“

Еспресо

Сте го виделе новиот дом на Бред Пит? 40 милиони долари за вистинска палата

Еспресо

Драматично на „Шарл де Гол“: Вооружен со нож претел на аеродромот во Париз; убиен е од полицијата

Еспресо

Синот на Доналд Трамп го коментираше претресот на имотот на неговиот татко: „координиран напад“

Еспресо

(Фото) Зеленски како суперхерој: САД лансира акциона фигура на украинскиот претседател, суперхеројот се произведува во Кина

Еспресо
Се вчитува....