Ќерката на Харис и Мелина Џиновиќ, Џина, повторно предизвика реакции на социјалните мрежи откако објави провокативна снимка од креветот.
Таа позирала во бела комбинација со длабоко деколте, а бидејќи под блузата не носела градник, повторно се разгореа шпекулациите дека ставила силикони.
Подолго време се шпекулира за естетските интервенции на кои наводно се подложила Џина. Таа во една прилика на Инстаграм открила дека ставила три милилитри хијалурон за усните да ѝ изгледаат пополни и поубави.
Џина претходно имала проблеми со вишокот килограми, поради што се придржувала до строги диети и редовно вежбала. Сепак, како што било објавено, не успеала да ги отстрани вдлабнатините на колковите, па решила да направи естетска корекција со хијалуронски филери.
Според пишувањата на српските медиуми, во позната клиника во Белград ѝ била вбризгана одредена количина хијалуронски филери во колковите, со цел да го постигне ефектот на Ким Кардашијан.
Се шпекулира и дека го коригирала носот, бидејќи фотографиите од порано и денешните наводно покажуваат забележителни разлики.
Џина претходно зборувала и за промената на својот изглед, откривајќи дека пред две години изгледала сосема поинаку.
„Бев како топче. Џина од пред две години и оваа сега се две сосема различни личности. Ја коригирав исхраната и сакам да лажам дека вежбам, иако тоа го правам многу ретко. Но, тоа се работи што ги споделувам со следбениците. Имав и катастрофални проблеми со лицето, многу се потрудив денес да изгледа вака. Ме погоди и пубертетот, па се обидувам да им објаснам на девојките дека мозолчињата се нормална појава“, изјавила таа во една телевизиска емисија.
