Сите се сеќаваат на огненоцрвената Хурем Султан, една од најпознатите телевизиски хероини обожавана од публиката ширум светот. Турската актерката Мерјем Узерли, која се прослави со оваа улога во серијата „Сулејман Величествениот“, и денес привлекува големо внимание, а нејзиното последно појавување на црвениот тепих ја покрена приказната за нејзиниот изглед.
На фотографиите од Баку, каде што се појавила за промоцијата на новиот филм „Имроз’да Бахар“, Мерјем позирала во долг, тесен црвен фустан што ја следи линијата на телото. Елегантна, со едноставна фризура и дискретна шминка, актерката уште еднаш покажа дека знае да привлече внимание.
View this post on Instagram
Сепак, она што е особено интересно е фактот дека таа била на истиот настан со Халит Ергенч, актерот кого публиката го памети како Сулејман Величествениот. Двајцата повторно глумат заедно, повеќе од една деценија по завршувањето на серијата што ги прослави.
Филмот „Имроз’да Бахар“, во режија на Озџан Алпер, е романтична драма сместена на турскиот остров Ѓокчеада, некогаш познат како Имроз.
Халит Ергенч го игра Ариф, писател кој поминува низ креативна криза и заминува на островот во потрага по нова инспирација. Таму ја запознава Соња, која ја игра Мерјем Узерли, жена која поминала низ голема животна трагедија. Нивната средба постепено прераснува во приказна за блискоста, загубата и новите почетоци.
Повторната средба на актерите предизвика носталгија кај обожавателите на „Сулејман Величествениот“, кои со години ја следеа нивната телевизиска љубовна приказна. Иако сега се во сосема различни улоги, нивното заедничко појавување неизбежно ја потсети публиката на Хурем и Сулејман.
View this post on Instagram
Мерјем Узерли е родена на 12 август 1983 година во германскиот град Касел. Нејзиниот татко е Турчин, а нејзината мајка е Германка, па пораснала меѓу две култури.
Светската слава ја стекна токму со улогата на Хурем Султан во историската серија „Сулејман Величествениот“. Нејзината црвена коса, продорни очи и впечатлива интерпретација на жена која од робинка станува една од најмоќните личности на Отоманската империја ја направија една од најпрепознатливите актерки на турската телевизија.
Сепак, Мерјем ја напушти серијата пред нејзиното завршување, по што се повлече од јавноста некое време. Подоцна се врати на глумата и продолжи да гради кариера преку разни филмски и телевизиски проекти.
Денес, покрај актерската кариера, таа е посветена и на мајчинството. Има две ќерки, Лара и Лили Кои, родени во 2014 и 2021 година, а често споделува моменти од патувањата, снимањето и приватниот живот на социјалните мрежи. Мерјем не е позната само во Турција, таа се стекна со светска слава. Често може да се види на големи модни и филмски настани, таа е заштитен знак на неколку познати брендови.
Иако помина повеќе од една деценија откако последен пат ја играше Хурем, интересот за нејзиниот живот не се намали. Нејзиното ново појавување со Халит Ергенч само ја потсети публиката на серијата што одбележа една ера на телевизијата.
И додека некогаш ги пленеше гледачите како непоколебливата Хурем, денес привлекува внимание со сосема различни, елегантни изданија.
