Српската пејачка Тања Савиќ замина на Малдивите со своите синови Максим и Ѓорѓе, како и со свршеникот Муки, од каде редовно објавува фотографии и видеа и покажува како го поминува времето на оваа луксузна дестинација.
Покрај семејниот одмор и уживањето во тропскиот рај, пејачката престојот го искористила и за снимање спотови за своите нови песни.
View this post on Instagram
Тања најпрво објавила видео на кое се гледаат нејзините синови како воодушевено набљудуваат ајкули што пливаат непосредно до нив, во плитката вода.
Набргу потоа споделила и снимка од чамец, а посебно внимание привлекол нејзиниот свршеник Муки, кој се појавил пред камерите без маица. Неговото издание не останало незабележано ниту од припадничките на понежниот пол.
Пејачката открила дека Малдивите не ги избрала само за семејниот одмор, туку и како идеална локација за снимање на видеоспотовите за нејзините нови песни. Така, престојот на егзотичната дестинација го споила со работните обврски.
Тања неодамна зборувала и за желбата да го прошири семејството, откривајќи дека посакува ќерка.
„Тоа го имам кажано толку многу пати. Имам жена што ми готви, таа е со мене, а имам и уште една жена во куќата. На шега кажано, навистина ми недостига женско друштво, моите другарки. Посакувам ќерка и дај Боже да се случи“, изјавила пејачката.
