15:41 - 29 ноември, 2026

ЕВРОВИЗИЈА 2022: Италијанската песна „Бривиди“ веќе „гази“ на топ листите низ Европа, Махмуд и Бланко имаат хит!

Италија ќе се претстави на Изборот за песна на Евровизија 2022 година, закажан од 10 до 14 мај во Пала Олимпико во Торино, со еден од најсилните хитови досега во Европа, дури и пред натпреварот. Имено, песната Бривиди на победничкото дуо Махмуд и Бланко, кои триумфираа на фестивалот Санремо 2022, веќе ја освојува Европа со полн гас. Моментно е прва на дигиталната европска листа.

(Видео) Италија избра песна за Евровизија: „Brividi“ веднаш стана фаворит за победа

Првиот дигитален фидбек низ Европа веќе кажува дека песната има потенцијал да стане меѓународен хит. Во меѓувреме, Билборд – престижниот американски магазин – веќе го потврди нејзиното водство на врвот на европската дигитална топ листа, резултат што другата евровизиска песна на Махмуд, „Солди“, веќе успеа да го постигне пред финалниот натпревар.

Во моментов, „Бривиди“ е рангирана на прво место во Литванија, Луксембург и Швајцарија; а на број 5 во Романија и Шпанија. Песната, исто така, веќе го достигна петтото место на Глобалниот топ200 на Spotify, големата меѓународна платформа за стриминг со над три милиони стримови (3.384.192) за само 24 часа, надминувајќи го претходниот италијански рекорд воспоставен од Џемитаис и Мадам со „Велено 7“ во 2019 година.

Што се однесува до другите платформи, дигитални преземања и стриминг, песната го достигна првото место во Италија на сите платформи (Apple Music, Deezer, YouTube, Shazam), а првото место го достигна и на Јутјуб во Малта и Швајцарија.

На Apple Music прво место во Малта и Швајцарија, четврто во Словенија (каде што албумот на Махмуд „Гетолимпо“ е на врвот на iTunes) и на топ листите во други 8 земји. Во однос на албумот на Бланко „Блу Челесте“, како и враќањето на топ листите во Италија, може да се најде на Apple Music на топ листите во 4 европски земји.

Слични објави

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.

Бившиот сопруг на Јована Јеремиќ сподели заеднички момент со ќерката Леа: „Дождливиот ден го искористивме за прошетка низ Белград со градски превоз“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ ја отвори душата пред полната Белградска арена: „Имаше лажни наслови и обиди да ме забранат, но вие ја исполнивте салата“

Е.А.

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.
Се вчитува....