15:33 - 29 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Силен ветер, дождови и снег, проверете кога и каде во Македонија!

– Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно, а особено во западните предели ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Во попладневните и во вечерните часови ќе има врнежи од дожд и снег на планините. Кон крајот на денов и навечер ќе започне да дува засилен, повремено на некои места СИЛЕН ветер од северен правец и истиот ќе услови нагло заладување на времето, со што врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на некои пониски места. Врнежите ПОИНТЕНЗИВНИ ќе бидат особено во западните предели, каде во вечерните часови и во текот на ноќта ќе се формира нова снежна покривка, додека на планините истата ќе се зголемува. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно, додека во попладневните и во вечерните часови ќе има врнежи од дожд. Доцна попладне и навечер ќе започне да дува засилен ветер од северен правец, со што врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и во делови од Скопската котлина. Максималната температура ќе се искачи до околу 11 степени.

Според Попоски, утре локално и тоа особено во планинските предели се уште ќе има услови за провејување на снег, а ќе дува и засилен, повремено СИЛЕН ветер од северен правец. Максималните температури ќе бидат значително пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степен. Веќе од среда па натаму времето ќе биде стабилно и суво со повеќе сончеви периоди, додека температурите ќе бележат тенденција на значителен пораст и максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени.

Слични објави

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.

Бившиот сопруг на Јована Јеремиќ сподели заеднички момент со ќерката Леа: „Дождливиот ден го искористивме за прошетка низ Белград со градски превоз“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ ја отвори душата пред полната Белградска арена: „Имаше лажни наслови и обиди да ме забранат, но вие ја исполнивте салата“

Е.А.

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.
Се вчитува....