22.8 C
Скопје
23:11 - 9 септември, 2026

Кралицата ЕЛИЗАБЕТА и принцот ЧАРЛС сакаат да сместат БЕГАЛЦИ од УКРАИНА на нивните имоти

Со оглед на воената состојба во Украина, членовите на кралското семејство размислуваат да им помогнат на бегалците отстапувајќи им ги куќите и имотите како засолништа, а сакаат да им понудат и работа, обуки итн.

Членови на кралското семејство, меѓу кои се кралицата Елизабета (95) и принцот Чарлс (73), се обидуваат да им помогнат на бегалците на различни начини, како вработување, курсеви за обука и обезбедување на место за престој.

– Сите членови на кралското семејство се согласни дека им е потребна финансиска и практична помош на украинските бегалци. Ова вклучува обезбедување на сместување, а планот е да се отвори имотот Dumfries House во Шкотска – изјави за Daily Mail извор близок до семејството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dumfries House (@dumfrieshouse)

Откако започна руската инвазија на Украина, многу жители мораа да ги напуштат своите домови и да бараат засолниште во други држави. Така тие пристигнаа како бегалци во многу земји, меѓу кои е и Велика Британија.

И војвотката Камила (74) им понуди дел од својот имот на несреќните бегалци.

Куќата Дамфрис е во сопственост на фондацијата на принцот Чарлс и е позната по тоа што таму се одржуваат многу венчавки и добротворни настани, а служи како пример за приказ на поранешната архитектура.

Покрај тоа тие размислуваат за таа намена да го отстапат и имотот Балморал. Кралското семејство таму користи неколку недвижнини кои служат како викендички.

– Многу Украинци имаат големо искуство во земјоделството, угостителството и производството на храна. Тоа ќе биде од големо значење за Велика Британија. Не се залажуваме дека на Украинците нема да им биде тешко да дојдат овде, но сакаме да соработуваме со шкотската и британската влада за да обезбедиме можности за поединци и семејства секаде каде што можеме – изјавија од фондацијата на чие чело се принцот Вилијам (39) и Кејт Мидлтон (40).

Да потсетиме, принцот Чарлс посети засолниште во Лондон на почетокот на овој месец, каде што се сместени украински бегалци. Тој тогаш рече дека му е мило што успеале да поминат толкав пат за да најдат безбедност во Велика Британија и се надева дека ќе ја добијат сета помош што им е потребна.

Слични објави

Само што се врати кај татко ѝ, веќе си замина – Ѓина Џиновиќ повторно ги спакувала куферите по еден ден во Белград

Еспресо

(Фото) Анѓелка Стевиќ Жугиќ сподели убава вест со својот сопруг – сите им честитаа: „Нека е со среќа!“

Еспресо

Кинеска астрологија која се темели на бенките на телото

Еспресо

Тамара отворено за љубовта: Му го проверив телефонот на Лука, а со видеото за раскинувањето претерав

Еспресо

Како да знаете дали сте претерале? Висок крвен притисок, главоболка и тахикардија се јавуваат при висок внес на кофеин

Еспресо

(Фото) Цеца по неколку години повторно влезе во вилата на Кипар: Луксузниот имот го купила на кредит, а сега покажа како изгледа

Еспресо
Се вчитува....