21.8 C
Скопје
15:13 - 16 април, 2024

ЉУБОВНАТА ПРИКАЗНА НА БЕН АФЛЕК И ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ: Еве зашто е симбол на „љубовта секогаш победува!“

Љубовта помеѓу Џенифер Лопез и Бен Афлек датира од 2002 година. Денес пак, кога зборуваме за Бенифер, едно од омилените имиња на фановите, препознаваме симбол, но и наоѓаме утеха за тоа дека љубовта секогаш победува.

инстаграм

Сè започна со снимањето на филмот „Џигли“ кој влезе во историјата како еден од најлошите филмови некогаш снимени. Од 11-те номинации за наградите Razzie Awards во 2003 година, филмот освои седум награди, вклучувајќи ја и онаа за најлош пар, освоена од Џенифер Лопез и Бен Афлек. Дека тоа беше мрачен предзнак за тоа како ќе биде уништена нивната љубовна приказна, можевме да веруваме до лани, бидејќи сега,  двете холивудски ѕвезди се повторно заедно и посреќни се од било кога.

Но како почна нивната инспиративна љубовна приказна?

На крајот на 2001 година, Мартин Брест, режисерот номиниран за Оскар за филмот „Мирисот на жената“, ги ангажира Џенифер Лопез и Бен Афлек за неговиот нов филм, романтична акциона комедија, кој ја разгорува страста меѓу двајцата протагонисти. Потребни се само неколку недели нивните имиња целосно да влезат во највкусните трачеви на годината. На оваа практично неразделна двојка продукцијата ја гради целата промотивна кампања на филмот, која се очекува во кината во 2003 година.

Сепак, талентот на двајцата актери не е доволен за да се избегне најлошото и филмот е прогласен за вистинска пропаст. Посреќна е судбината на двете ѕвезди кои не пропуштаат јавна прилика да разменуваат изливи на љубов и нежност, галење и вљубени погледи под блесоците на папараците, без оглед на дождот од наградите Razzie.

Уште во месецот април, кога се уште не беа официјално заедно, по повод наградата што ја доби Џенифер, Бен ѝ посветува речиси цела страница во списанието Variety за да ѝ честита: „Покажа добрина, посветеност, визија, храброст, голема емпатија, неверојатен талент, вистински професионализам и вистинска грациозност. Едноставно ми беше чест и задоволство да работам со тебе. Само посакувам да имам среќа да бидам во сите твои филмови. Со љубов, почит и благодарност, Бен Афлек“.  Ова изразување на почит, сепак,  многу повеќе личеше на изјава на љубов. Во меѓувреме пак, Џеј Ло беше зафатена со бракоразводна постапка од нејзиниот втор сопруг, танчерот Крис Џад.

И покрај нејзиниот успех како пејачка (но и како манекенка) – нејзиниот легендарен фустан од Версаче со џунгла принт што го носеше на доделувањето на Греми наградите, дополнително ќе придонесе да добие уште поголема поддршка од обожавателите. Веќе беше заборавено нејзиното минато, Џеј Ло не беше веќе Џени која порасна во Бронкс и замина од дома на 18 годишна возраст за да работи и да заработи за да си го плати нејзиното школување на гласот и часовите по танц. Сепак, не доволно самоуверена, таа бара од нејзиниот Бен да учествува во видео клипот на нејзината нова песна, учество за кое актерот ќе зажали години подоцна, нарекувајќи го едно од неговите најголеми каење.

инстаграм

Неколку месеци подоцна, во јули 2003 година, понудата за брак пристигнува во комплет со рози, свеќи и вртоглав дијамант од 6,10 карати со проценета вредност од 1,2 милиони долари. Џеј Ло ја прифаќа понудата која не може да се одбие. Парот официјално, на прес конференција, соопштува дека се пред брај. Тоа е доволно за да се воодушеват обожавателите кои веќе ги бројат деновите пред свадбата.

Но, потоа, одеднаш нешто тргне наопаку во 2004 година, бидејќи на општо чудење Бен и Џенинифер раскинаа, а сепак, останаа добри пријатели.

Никој никогаш нема да ја открие причината за ова раскинување, но се шпекулира дека Бен не се чувствувал подготвен за големиот чекор, кој наместо со Ценифер Лопез една година подоцна ќе го направи со колешката Џенифер Гарнер со која ќе има три деца, пред да се раздели во 2015 година. По разводот, Бен паднал во драматична спирала.на зависности, од која ќе се опорави години подоцна.

Во меѓувреме, Џеј Ло тргна по своја патека, прво започнувајќи едногодишна врска со нејзиниот  менаџер Ирвинг Азоф, а потоа и со долгогодишниот пријател Марк Ентони, со кој се ожени. Двојката која ги доби близнаците Еме и Макс, родени на 22 февруари 2008 година во Њујорк, се раздели во јули 2011 година и официјално се разведоа во јуни 2014.

Од 2011 до 2016 година пејачката се вери со танчерот Каспер Смарт, додека од 2016 до 2021 година нејзиното име се врзува за поранешниот спортист Александар Родригез. Двајцата беа подготвени да се венчаат во 2021 година, но и во овој случај венчавката, која ќе беше четврта за поп-ѕвездата, не се случи. Неколку месеци по заедничкото соопштение на Џенифер и Алекс, пејачката е видена во друштво на актерот (Афлек) кој трипати неделно ѝ доаѓал дома. „Тие се само пријатели“ уверуваат некои гласини, но најромантичните не сакаа да веруваат.

инстаграм

За доказ на вистината, истата 2021 година, конечно пристигнаа првите фотографии со многу бакнежи и милувања како во старите времиња, но овој пат подискретни, односно „лудилото“ на триесетте години ѝ го отстапи местото на мудроста на педесеттите.

До крајот на ланската година, Бен ѝ ветил на својата (скоро) баба Гвадалупе дека нема да ѝ го скрши срцето на ќерка ѝ по втор пат. И веруваме дека е така. Парот деновиве купува нов заеднички дом во вредност од 50 милиони долари.

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

„Ми подметнаа филм за возрасни“: Ава Карабатиќ среде скандал пред изборите во Хрватска

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ доживеала несреќа: Покажа страшни повреди и крвави рани на лицето

Еспресо

(Видео) Брејк отиде во народњаци, отвора радио „Естрада“: Ќе се занимава со народна музика

еспресо

(Фото) Урнебесен оглас закачен на бандери: Харис Џиновиќ бара жена, можеби ќе има среќа

еспресо

Ким Кардашијан доаѓа во Белград: Ова е нејзината листа на желби од организаторите

еспресо
Се вчитува....