09:34 - 12 ноември, 2026

ЧЕТИРИ НАЈЛОШИ народни лекови: Не само што не делуваат, туку можат сериозно да го нарушат здравјето

Народните лекови се познати уште одамна и многумина се сведоци за нивните позитивен ефекти. Сепак, некои од нив воопшто не делуваат и целосно се бескорисни. И не само што не помагаат, туку можат и да му наштетат на организмот што е ослабен од болеста.
Рускиот лекар Александар Мјасников советува да ги заборавите овие домашни методи.

Сок од лук во ноздрите 

Носот кој не престанува да тече е многу непријатна појава, а некои се обидуваат да го решат проблемот со капнување сок од лук во ноздрите. Овој третман во никој случај не се препорачува, вели д-р Мјасников. Надразнетата и воспалена слузница ќе се „брани“ така што ќе почне да исфрла прекумерна течност, односно да го прави токму она што се обидуваме да го излечиме.

Инхалација над варени компири

За да ги „ослободите“ дишните патишта и да го исчистите носот можеби сте пробале да правите инхалација со пареа од варени компири. Овој третман може до некаде да ги ублажи симптомите, но нема никаков ефект врз вирусот. Заклучокот е дека тоа нема да влијае на закрепнувањето.

Клизма за глисти

Можеби не сте слушнале, но според некои народни рецепти решението за глисти во цревата е клизма со лук. Докторот објаснува дека овој третман може да помогне само кај глисти што се на самиот излез на дебелото црево, но не и кај оние што се подлабоко. Покрај тоа, речиси е сигурно дека клизма со лук ќе предизвика нарушувања во работата на цревата.

Зелка за гастритис

Одамна е докажано дека гастритис предизвикува бактеријата „Helicobacter pylori“ која може да се отстрани од желудникот само со помош на антибиотици. Затоа пиењето сок од зелка е апсолутно неефикасно за овој проблем, без разлика дали се зема на празен стомак или после оброк. Не е важно кога се пие, тоа нема да помогне. Единственото нешто што ќе се случи е дуење на стомакот и зголемена појава на гасови.

Слични објави

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо
Се вчитува....