29.9 C
Скопје
13:58 - 6 јули, 2026

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Статус кој загрижи многумина објави младиот пливачки шампион Марко Пејчиновски кој рече дека можеби е крај на неговата пливачка кариера.

„Крај на пливачката кариера? Во моментов, нов пливачки подвиг ми изгледа како далечен сон, а не како реалност.
Секој ден се соочувам со истите прашања: Дали ќе можам да се вратам? Дали повторно ќе бидам истиот Марко? Дали вреди да продолжам? Дали и ова ќе биде уште еден сон што ќе згасне?“, рече Пејчиноски и додаде дека не може ништо да вети.

„Иако сум млад, свесен сум дека можеби немам уште многу години пред себе за вакви подвизи. Чувствувам дека во мене има уште еден или два што навистина сакам да ги остварам.
Дали ќе успеам? Не знам. Ако успеам, тоа ќе биде најголемиот подвиг во мојот живот, но денес не можам ништо да ветам.
Но едно знам со сигурност: ќе дадам сѐ од себе, а откажување не е опција.
Ако е во Божјата волја, ќе успеам.
Имам потполна верба во Бога и Неговиот план“, напиша Марко во своето обраќање на Фејсбук.

Во август минатата година, тој успешно го заврши својот модифициран „Ајронмен“ триатлон, во должина од вкупно 107 километри, кој се состоеше од трчање, возење велосипед и пливање.

Марко Пејчиновски е младото момче кое ги помести границите на човечките можности во македонското пливање. И покрај соочувањето со болеста, некроза на ногата, тој уште на 12-годишна возраст во 2018 година стана најмладиот пливач кој ја совладал патеката од Свети Наум до Охрид. Неговиот историски триумф кулминираше со неверојатната „Одисеја 2022“, кога во едно лето комплетираше 10 екстремни препливувања со вкупна должина од 250 километри.
Пред четири месеци, тој објави дека доживеал сообраќајка по која морал да замине на операција.
„Ги започнав моите 20-ти години со операција, операција на рамото по сообраќајна незгода во 2024 година. По година и пол мачење, конечно се најде доктор кој ми ја кажа вистинската дијагноза (хронична AC дијастаза во 4. стадиум), односно скинати лигаменти кои ја држат клучната коска на место“, објави Марко.

Слични објави

Пеце од „Суперхикс“: И мажите се лажат меѓу себе за килограмите, а плачат скриени во ќош

apostolova

Голем неделен хороскоп од 6 до 13 јули: Целиот свет може да ви изгледа како хаотично море

Т.Ц.

(Видео) Евче седна на полиграф и ја кажа вистината за врската со Александар Динев

Еспресо

(Фото) Раста никогаш не бил позгоден — Ана Николиќ воодушевена од новиот изглед на поранешниот сопруг

Еспресо

(Фото) Најпознатата српска инфлуенсерка се омажи на езерото Комо — луксузната церемонија била чувана во строга тајност

Еспресо

Грозје, чаша вино, булки – Дивна Пешиќ му посвети уметничко дело на Владо Јаневски

Еспресо
Се вчитува....