13.8 C
Скопје
18:57 - 25 септември, 2026

Грозје, чаша вино, булки – Дивна Пешиќ му посвети уметничко дело на Владо Јаневски

Нашата најдобра стрелачка и уметница Дивна Пешиќ на емотивен начин му оддаде почит на Владо Јаневски, кој минатата недела почина на 65-годишна возраст, по кратко боледување.

Таа му посвети уметничко дело, кое го создала инспирирана од неговиот лик, музика и неизбришливото наследство што го остави зад себе.

Покрај објавата што ја сподели за нејзиниот драг пријател е и нејзиното уметничко дело на кое главни мотиви се грозјето, чаша вино, булки…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Divna Pesic Artist (@divnapesic)

„Посветено на мојот драг пријател, Владо Јаневски.

Постојат луѓе што не можеш да ги сместиш во рамки, затоа што се родени да бидат различни. Таков беше ти. Генијална, нежна, емотивна и бескрајно креативна душа, која не секој умееше да ја разбере. Но токму во таа твоја посебност се криеше магијата што ја претвораше во музика.

На Македонија ѝ остави нешто што не може да се измери со никаква награда, песни што се дел од сите животи, љубови, разделби, спомени и тишини. „Булки“, „Црно Тиквешко“, „Некогаш и негде“, „Полско цвеќе“, „Парче душа“, „Не зори зори“, „Не заборавај да се сетиш на мене“… Тоа не се само песни. Тоа се чувства преточени во стихови, зборови што засекогаш ќе допираат до срцето и душата.

Некои уметници заминуваат, но никогаш не исчезнуваат. Тие продолжуваат да живеат во секоја нота, во секој стих и во секој човек што ќе ја почувствува нивната искреност.

Патувај во вечноста, драг мој пријателе! Ми беше огромна чест што те познавав. Ти благодарам за твојата добрина, за твојата искреност, за музиката што ни ја подари и за трагата што засекогаш ќе остане во македонската култура и светот воопшто!

Луѓето си заминуваат. Легендите остануваат.

Почивај во мир – напиша Пешиќ“

Како уметница, сликајќи масло на платно, Дивна има 33 години активна кариера со околу 50 самостојни и групни изложби ширум светот.

Слични објави

„Својот труд го трошеше на луѓе кои тоа не го заслужија“ — Сузана Јовановиќ е разочарана од луѓето по смртта на Сaша Поповиќ

E.A.

„Одев по улица со синот и врескав на целиот глас“ — Стоја се присети на најтешкиот период кога ја избркале од дома со тригодишно дете

E.A.

„Агонијата трае 15 години“ — Гоца Тржан првпат му одговори на Иван Маринковиќ за ќерката Лена

E.A.

Ана Бекута искрено за односот со Цеца Ражнатовиќ – откри зошто ја отследила од Инстаграм

Еспресо

(Фото+видео) Наташа Беквалац до зори го славеше 46. роденден – меѓу гостите беше Пријовиќ која ѝ запеја на славеничката

Еспресо

Ова се новите евровизиски претставници: Лила Филиповска ги најави двата нови албума на „Бендот на браќата Нуне“

М. Џ.
Се вчитува....