32.8 C
Скопје
13:58 - 16 август, 2026

(Фото) Најпознатата српска инфлуенсерка се омажи на езерото Комо — луксузната церемонија била чувана во строга тајност

Една од најпознатите српски модни инфлуенсерки, Тамара Калиниќ, стапи во брак со италијанскиот моден менаџер Филипо Теста на романтична церемонија покрај езерото Комо во Италија.

Двојката судбоносното „да“ го изговори во луксузната „Вила Пицо“, а фотографиите од свадбата Калиниќ ги сподели на својот инстаграм-профил.

Според српските медиуми, на свеченоста присуствувале околу стотина гости – членови на семејството, блиски пријатели, како и познати имиња од светот на модата и бизнисот. Свадбата била организирана во строга приватност за младенците и нивните гости да можат непречено да уживаат во својот ден.

Еден од најемотивните моменти бил пристигнувањето на невестата до олтарот во придружба на нејзиниот татко, додека за музичката атмосфера бил задолжен хор од 18 членови кој изведувал оперски арии.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Kalinic (@tamara)

Калиниќ, која важи за една од највлијателните модни инфлуенсерки во регионот, за свадбата избрала две венчаници, додека младоженецот носел елегантен бел костум.

Филипо Теста со години гради кариера во светот на луксузната мода. Во текот на својата професионална кариера соработувал со модните куќи „Оф-Вајт“ и „Балман“, а во модната индустрија важи за успешен и ценет менаџер.

Тамара и Филипо се во врска од 2020 година, а иако својот приватен живот главно го чуваат далеку од очите на јавноста, инфлуенсерката во повеќе наврати истакнала дека токму покрај него ја пронашла љубовта, мирот и поддршката што отсекогаш ги посакувала.

Слични објави

„Куќата ми изгоре, па Мира Шкориќ ме прими да спијам кај неа“: Исповед на ѕвездата од деведесеттите чиј хит сè уште сите го пееме

E.A.

Иван Маринковиќ бесен по контактот со ќерката која ја има со Гоца Тржан — „Односот беше катастрофален“

E.A.

Љубел многу, а вистински сакал само четири: Најголемите љубови на Елвис Присли

Т.Ц.

Луксуз до бескрај: Најдобрата пријателка на Лепа Брена објави видео од јахтата „Лејди Би“

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 16 август: Не се откажувајте, но внимавајте на непромислени потези

apostolova

Лидија Вукиќевиќ ги откри и тајните за совршената линија и разводот

E.A.
Се вчитува....