22:09 - 29 ноември, 2026

Дали некогаш сте пробале праски на скара или во салата? Oвие комбинации пријатно ќе ве изненадат

Сочни, миризливи и неверојатно вкусни, праските отсекогаш биле еден од највкусните симболи на летото. Како свежо овошје се совршена ужина, но нивниот вистински потенцијал се открива во кујната, каде лесно се комбинираат во слатки и солени варијанти.

Праски на скара

Печените праски се одличен летен класик – едноставен, но импресивен. Праските се сечат на половина, се вади семката и се печат на врела скара две до три минути од секоја страна. Топлината ги карамелизира природните шеќери и го засилува вкусот. Праските на скара совршено се комбинираат со грчки јогурт или топка сладолед од ванила.

Салата со праски и ореви

Свежа салата со рукола, исечени праски, крцкави ореви и козјо сирење или горгонзола нуди богатство од вкусови. Зачинета со масло, сол и малку мед, станува целосен, лесен и многу вкусен оброк.

Фета сирење и праски

Слатко-солениот контраст секогаш функционира, а во овој рецепт е апсолутен погодок. Се мешаат свежи парчиња праска со коцки фета сирење, се додаваат неколку листови нане и малку екстра девствено маслиново масло. Ако сакате поинтензивен вкус, малку црн бибер или неколку капки балсамико оцет ќе го направат јадењето уште поинтересно.

Замрзнати праски

И за крај, едноставна, но одлична идеја: замрзнете парчиња праски и потоа измелете ги замрзнати. Ќе добиете природен сорбет, направен исклучиво од овошје, без додаден шеќер.

Слични објави

Саша Ковачевиќ за првите денови од татковтвото: „Нема место за паника, тоа се природни работи, а сега самите се грижиме за бебето“

Е.А.

Сергеј Ќетковиќ ги загуби двајцата родители за само неколку дена: Татко му беше познат спортист, го почитуваше цела поранешна Југославија

apostolova

(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз

Еспресо

Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“

Е.А.

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.
Се вчитува....