22:41 - 26 ноември, 2026

Подзаборавена фотографија од Лепа Брена и Нада Топчагиќ – шлаг од шампита, плажа и бурни реакции

На социјалните мрежи пред неколку години се појави фотографија од Лепа Брена и нејзината колешка Нада Топчагиќ.

Фотографијата е направена во Црна Гора, а она што особено привлече внимание е нивниот несекојдневен изглед. Тие позираат на плажа во костими за капење, а во еден момент се гледа како се забавуваат и се мачкаат со шлаг од шампита, што во тоа време во поранешната држава се сметало за вистински шок.

фото/Facebook

Нада позира без горниот дел од костимот за капење, додека Брена ѝ нанесува шлаг, а двете се насмеани и опуштени.

Во време кога ваквите сцени биле незамисливи во јавноста, фотографијата предизвикала бурни реакции – од воодушевување до осуда. Сепак, со текот на годините, денес се гледа како симбол на безгрижна младост и бунтовен дух што двете пејачки отсекогаш го носеле.

Нивната насмевка, енергија и опуштеност ги потсетиле обожавателите на златното време на естрадата, кога концертите траеле до зори, а публиката ги знаела сите песни напамет. Многумина оваа фотографија ја доживеале како будење на носталгија и потсетник на времето кога музичките дами биле вистински поп-икони, пишува Стори.хр.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

Слични објави

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо

Аница Лазиќ со објава ги подгреа шпекулациите за принова со Ристовски: „Дали сте подготвени да станете родители?“

Еспресо

Сопругата на Драган Лазиќ првпат се огласи по неговата трагична смрт: Со емотивна порака покажа колку ѝ недостига

Еспресо

Идентификувани осомничените за палењето на автомобилот на Александра Пријовиќ

Еспресо

Јаков Јозиновиќ откри на што ја потрошил првата голема заработка: „Таа го заслужи тоа!“

Еспресо

(Фото) „Дома за викенд“ : Ѓина Џиновиќ покажа детали од семејниот дом во Монте Карло

apostolova
Се вчитува....