05:21 - 5 ноември, 2026

(Видео) Евче седна на полиграф и ја кажа вистината за врската со Александар Динев

Македонската инфлуенсерка Ева Јовановска, позната како Евче, гостуваше во емисија со полиграф, каде што одговараше на низа лични и забавни прашања, а меѓу нив беа и оние поврзани со нејзината љубовна врска со тиктокерот Александар Динев.

На прашањето дали моментално е заљубена, инфлуенсерката одговори искрено: „Па да. Сметам дека љубовта не исчезнува така лесно и ќе треба време дали да исчезне, дали да премине во некоја друга форма на љубов, но ќе излажам ако кажам дека не сум сè уште заљубена.“

По овој одговор следуваше и прашање за нејзината поранешна врска со Александар Динев, со кого пред еден месец јавно објавија дека повеќе не се заедно.

На прашањето дали нивната врска била само добар маркетинг, Ева одговори:

„А што си ти (ха, ха). Не. Луѓето што ме знаат приватно најмногу знаат дека беше реална врската и најубавата врска во којашто сум била досега“, по што полиграфот покажа дека одговорот е вистинит.

Таа се осврна и на влијанието што Динев го имал врз нејзината кариера на социјалните мрежи.

„Ќе речам да, затоа што многу ми помогна. Дефинитивно тој е личноста која ме поттикна да верувам во себе доволно за да почнам да снимам содржини за социјалните мрежи, но сепак сметам дека јас го вложив трудот, и дека јас ако не сакав, да не сае потрудев, немаше да го постигнам тоа што го имам сега. И уште ќе вложувам во себе и имам други високи цели што сакам да ги постигнам, но секогаш ќе му бидам благодарна што беше до мене и ми помогна многу“, изјави Јовановска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by POLIGRAF (@poligrafmk)

Слични објави

Дали сте во врска во која полека се губите себеси? Овие 8 знаци откриваат дека љубовта ве исцрпува

К.С.

(Фото) Сара Јо позираше во провокативно модно издание – црниот фустан од тантела ја истакна нејзината витка фигура

Еспресо

Може да јаде во најскапите ресторани, но вечера ајвар и црн леб: Емина Јаховиќ ја открива тајната на витката линија

Еспресо

(Видео) Спомен стар 30 години го изненади Коки Јанков — обожавателка зачувала тетратка посветена на „Дуле и Коки“

К.С.

(Фото) И сестрата на Мелина се омажила за богаташ: Емина живее во луксуз во Турција, ретко се појавува во јавноста, а еве како изгледа

Еспресо

„Не јадам повеќе од порано, а се дебелеам“ – кога сопственото тело ќе престане да нè слуша

Еспресо
Се вчитува....