23.8 C
Скопје
14:35 - 29 септември, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) АГНЕСА ОРГАНЏИЕВА ПОДГОТВИ НЕЗАБОРАВЕН РОДЕНДЕН ЗА СВОЈАТА ЌЕРКА ТИФАНИ: Змии, гуштери, балони, неодолива торта и подароци

Агнеса Органџиева има своја „армија“ од следбеници кои љубопитно го следат нејзиното секојдневние преку фотографиите кои ги објавува на својот инстаграм – профил.

Фото: Принтскрин / Instagram

Многу мода, внимателно избрана козметика, луксузни подароци, како и фотографии од нејзиниот дом и моменти поминати со блиските пријатели и ќерките.

Фото: Принтскрин / Instagram

Органџиева е дама во вистинска смисла на зборот, жена која го негува своето тело, но и својот дух. По осумнаесет години брак со поранешниот директор на Агенцијата за електронски комуникации – АЕК, Роберт Орданоски, Агнеса реши да стави крај на заедничкиот живот и да продолжи понатаму.

Фото: Принтскрин / Instagram

Правник по професија, успешна дама и посветена мајка на своите две прекрасни ќерки, Вивиен и Тифани. Неодамна најмалата ќерка на Агнеса, преслатката Тифани го прослави својот 10-ти роденден, а по тој повод нејзината мајка подготви незаборавна роденденска прослава.

Малечката Тифани следејќи ги стапките на мама беше совршено стилизирана, како мала принцеза, а просторот за роденденската забава беше богато украсен.

Тифани беше пресреќна покажувајќи ги бројните подароци, балони, кутии со најубаво цвеќе и секако роденденската торта.

Фото: Принтскрин / Instagram

За најмладите гости вистинско изненадување беше едукаторот од Зоолошката градина во Скопје Војо Иванов кој на најмладите им приреди прекрасно изненадување, а секако и прекрасна едукација запознавајќи ги со светот на рептилите.

Гуштер, змеј, како и неговиот препознатил албино питон беа дел од изненадувања кои предизвикаа голема возбуда кај децата да ги запознаат, видат одблиску, па дури и да ги погалат овие егзотични животни.

Фото: Принтскрин / Instagram

За разлика од повеќето деца кои не се осмелуваа да се доближат, храбрата Тифани уживаше во убавината на овие несекојдневни миленици.

Малечката Тифани со огромна смиреност и внимание ги покажуваше рептилите на своите другарчиња уживајќи во нејзината егзотична убавина. Љубовта кон овие животни, особено кон змиите ја има наследено од својата постара сестра Вивиен, која била и иницијаторот да чуваат змија и во нивниот дом.

Слични објави

(Фото) Моделот Елена Ѓорговска „растури“ на Октоберфест — во баварска носија наздрави со пиво наместо со шампањ

Еспресо

Кеба за првпат проговори за обвинувањата и местенките во „Ѕвездите на Гранд“

Е.А.

(Фото) Ева Нединковска се омажи за саканиот Филип — ќерка ѝ Ена во бел фустан покрај мајка си

Еспресо

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Сања Вучиќ ја замени Ана Бекута во „Ѕвездите на Гранд“: Откри дали се слушнале по нејзиното заминување

Еспресо

„Еве ме пак“: Каролина Гочева повторно ужива во Прага

Еспресо
Се вчитува....