16:24 - 9 ноември, 2026

Трик кој ќе ви помогне да купите градник со соодветна големина

Многу жени имаат проблеми при одбирањето на точната големина на градник и неговата потрага понекогаш може да изгледа како вистински кошмар. Но, за среќа, постои начин на кој можете да откриете дали носите погрешна големина на градник.

Едноставен трик кој ќе ви помогне да откриете дали ја носите вистинската големина на градник

Никол Кивиц, која работи за францускиот бренд за долна облека, Шантел, вели дека главна грешка која ја прават жените е купување градник со премногу голема големина на грбот. Според Никол, кога прв пат купувате градник, треба да внимавате тој да биде доволно тесен така што кога ќе го користите првото копче, да бидете во можност да ставите само два прсти помеѓу вашиот грб и градникот. Ако во тој простор може да собере повеќе од два прсти, тогаш тоа е знак дека е преголем.

„Бидејќи 80% од поддршката доаѓа од појасот на вашиот градник, тој треба да биде затегнат“, советува Никол.

Колку повеќе го носите вашиот градник, толку повеќе тој ќе се растега, така што ќе почнете да ги употребувате и другите копчиња. Кога ќе стигнете до третото копче и ќе можете да ставите повеќе од два прсти помеѓу градникот и вашиот грб, тогаш тоа е знак дека повторно треба да ја посетите продавницата за долна облека.

Слични објави

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.
Се вчитува....