16:26 - 18 август, 2026

ЏОН ТРАВОЛТА се отвори за тоа како му ја објаснил смртноста на синот(10), откако ја изгуби сопругата поради рак на дојка

џон траволта

Актерот Џон Траволта (66) ја загуби сопругата Кели Престон пред речиси една година. Таа почина на 58 -годишна возраст од рак на дојка.

Повеќе од една година подоцна, тој раскажа како разговарал за смртта со својот син Бен (10).

„Еднаш ми рече „бидејќи мама почина, се плашам дека и ти ќе умреш“. Му објаснив дека никој не знае кога ќе замине или колку долго ќе остане. Утре можам да умрам. Можеш и ти. Секој може да умре“, рече Траволта во интервју со актерот Кевин Харт, пренесува „Дејли Меил“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by John Travolta (@johntravolta)

Траволта рече дека неговиот син секогаш ја ценел искреноста и затоа не го избегнал тој разговор со него.

„Мораме да ја гледаме смртта како дел од животот. Никој не знае ништо со сигурност. Треба само да дадете сè од себе за да живеете што е можно подолго“, изјави актерот.

Тој рече дека бил многу изненаден од зрелата перспектива за животот што ја имал неговиот син, кога разговарале за возраста на Траволта.

„Ме праша дали се сеќавам на времето пред 30 години и дали ми се чини дека тоа било одамна. Кога реков да, ме праша дали мислам дека имам уште 30 години во себе, на што јас исто така реков да. Бен ме праша што му фали на тоа и така тој целосно го промени мојот став за смртта“, призна Траволта.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by John Travolta (@johntravolta)

Тој му се довери на Харт дека сега, по смртта на неговата сопруга и најстариот син Џет, кој трагично почина во 2009 година на 16-годишна возраст, „живее за своите деца“. Тој рече дека неговата ќерка Ела Блу (21) веќе го пронашла својот пат во животот, со тоа што станала актерка, но дека сепак треба да му обезбеди добар живот на најмладиот Бен.

Слични објави

(Фото) „Фала ти за сè, мир Божји“: Зои Блаж со сопругот Тадеј и ќеркичката Мариа го посети Острог

Еспресо

(Фото) Мајка и ќерка на заедничко патување – Ѓина Џиновиќ и Мелина уживаат во луксуз на Миконос

Еспресо

Ивона Јо искрено: „Дел од фамилијата не ми зборува зашто се омажив пред да помине една година од смртта на тато“

Еспресо

Урнебесен одговор на Ен Хатавеј на прашањето дали чека момче или девојче

apostolova

Драгана Мирковиќ во преговори да стане дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“

E.A.

Песната која две години чекала да стане „Чија си“ – Како Славе Димитров ѝ даде живот на една безвремена љубовна приказна

Т.Ц.
Се вчитува....