09:48 - 30 јули, 2026

СО ЗАЕМ И ПАРИ ОД СВОЈАТА МАЈКА И БРАТ: Како Хју Хефнер го направил првиот број на „Плејбој“?

кристал хефнер

Хју Хефнер животот го поминал во свилени пижами и наметка опкружен со полуголи жени, но од големото богатство на крајот на животот му останал само мал дел од она што го заработил.

НОВИ ШОКАНТНИ ОБВИНУВАЊА ЗА ХЈУ ХЕФНЕР, ОСНОВАЧОТ НА „ПЛЕЈБОЈ“: Инсистираше на оргии, дрогираше зајачици, бараше орален секс со волчјаци….

Хефнер магазинот „Плејбој“ го основал на 27 години. Земал заем од 8.000 долари, а по 1.000 долари му позајмиле мајката и братот, додека татко му не сакал да учествува со готовина бидејќи верувал дека списанијата се лоша инвестиција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oscar Suricato (@suricato_sibarita)

Првиот број на „Плејбој“ Хефнер го составил на кујнска маса, а бројот немал датум зашто Хју не бил сигурен дека воопшто ќе излезе втор број.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jasper Emmen (@studiojasperemmen)


Со тој број започнал и упехот на Хју објавувајќи разголени фотографии од Мерилин Монро, која тогаш била најголемата холивудска ѕвезда.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cayun Mario (@cayunmario)


Монро не се сликала за неговиот магазин, туку станувало збор за фотографии што ги снимала пред да се прослави, а кои фотографот потоа му ги продал на Хефнер и тоа без нејзина дозвола. Тоа не им било важно на купувачите кои го разграбале првиот број и така почнало градењето на Хефнеровото царство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by magazine (@2.sayfa_magazine)


На врвот од славата неговото богатство вредело 250 милиони долари. Но Хефнер повеќе од сè сакал да троши. Многу вложил во својата вила во која ги приредувал легендарните забави со зајчиците и бројни славни личности, кои секогаш можеле да сметаат на најголема дискреција.


Една година пред смртта ја продал вилата за 100 милиони долари на првиот сосед, но не видел ништо од парите зашто всушност не бил сопственик на имотот. Сите недвижности, но и сопствеништвото на магазинот и на брендот ги препуштил на компанијата што го преземала управувањето.


Сè што барал како почесен вработен била кирија од 100 долари месечно за вилата во која живеел и плата од еден милион долари годишно.

Наводно, од сето богатство, во моментот на смртта имал вкупно 15 милиони долари на сметката, но за некои и тоа е малку.

Слични објави

(Фото) „Засекогаш П“: Во Аеродром откриен мурал во чест на Панчо

Еспресо

Хороскоп за 30 јули: Овните ќе донесат важна одлука, Рибите ќе се соочат со вистината

Еспресо

Аца Амадеус е во врска со 23 години помладата пејачка: „Конечно ја најдов љубовта на мојот живот“

Еспресо

Лазар Бараков ги стави на страна несогласувањата со Гоце Тодоровски и емотивно се прости од него

СП.

(Видео) Теа Таировиќ со емотивна порака по настапот во Будва: „Ви благодарам што ме сакате и дебела и слаба, боса и облечена!“

Еспресо

Златко Јовановски: „Сум одбил да креирам за македонски јавни личности кои барале фустан гратис“

Еспресо
Се вчитува....